Гостивар
Донација на спортска опрема за основните училишта во Гостивар
Со доделување на донација од спортска опрема и реквизити за основните училишта, во Гостивар се заокружи двегодишниот проект Јакнење на отпорноста на локалните заедници од насилен екстремизам.
Во негови рамки беа спроведени повеќе спортски натпревари и активности со основци од гостиварските училишта.
„Им благодарам на сите што учествуваа во проектот, како и на донаторите. Се надевам дека во иднина ќе имаме уште вакви проекти, кои се за добробит на заедницата, на сите граѓани, а пред се‘ на младите“, рече градоначалникот Арбен Таравари во своето обраќање пред присутните во салата на ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ , каде се распределија донациите.
На завршниот настан беа присутни и претставници од Амбасадата на Холандија, со чија поддршка се реализираше проектот. Освен Холанѓаните, поддршка дадоа и Британците преку Британската Амбасада.
Проектот Јакнење на отпорноста на локалните заедници од насилен екстремизам го спроведе Центарот за заедничка основа од Скопје. Покрај Гостивар во него беа вклучени и општините Чаир и Кичево.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ