Поврзи се со нас

Гостивар

Самохрана мајка со 2 деца од Гостивар без покрив над глава, изгоре станот што им го подари Халил Кастрати

Објавено

на

2021-вата година за Џемиле Хорман од Гостивар почна мачно и тешко. Оваа самохрана мајка со двете дечиња, на возратс од 5 и 10 години остана без покрив над главата. Станот, во населбата Седма зона, кој бил добиен како подарок од косовскиот хуманитарец Халил Кастрати целосно и‘ изгоре во пожар. 40 годишната жена е невработена и нема можност сама да го оспособи го живеалиштето со основни услови. Ни се обрати со надеж дека институциите, фирмите, хуманите граѓани ќе и помогнат, за да не остане надвор на студот со дечињата.

„Пожарот беше страшен. Прво од склопката почна да излегува чад. Децата спиеја, брат ми беше овде кај мене и тој спиеше. Одеднаш се запали вратата, почнав да ги будам децата Рахман и Емир, да ги спасам, и по брат ми викнав,  зашто многу почна брзо да гори. Станавме сите и рековме да се спасиме ние. Многу трауми преживуваме и јас и децата, сега немаме ништо, се‘ ни изгоре, останавме на улица. Одам по пријатели, каде ќе не приберат да преспиеме. Едното дете кај едни го оставам, другото на друго место, како што може. Ова живот ли е, да се влечеш по улици, не можам да ги оставам по улици моите две деца. Моментално не работам, од социјално што даваат леб да се купи, ако ме викнат некаде ќе одат да чистам, било што. Ги молам сите луѓе, фирми што може да ни помогнат да го санираме станот и да се вратиме дома“, вели Џемиле.

Уште на влегување во зградата се‘ уште чувствува мирис на изгорено и чад. Станот на Џемиле е на првиот кат, во него се‘ е пеплосано, глетката ужасува.

Поголемиот син, десетгодишниот Рахман е ученик во четврто одделение. По пожарот не може ни да се вклучува во онлајн настава, затоа што во огнот му изгорел и телефонот, преку кој учел. Ова храбро дете поминало страшни моменти кога се запалил станот.

„Мајка ми дојде до соба каде бевме јас и брат ми, и видов како пожарот збувна до нејзиниот стомак, се изгоре. Почна да вика. Со чичко ми заедно зедоа кофи со вода да истураат, ама почна многу брзо да гори се‘, не се угасна, се зафати и креветот. Ми беше многу страв, мајка ми почна да се гуши, сите се уплашивме. Мајка ми и чичко ми не‘ кренаа и не‘ извадија на балконот. Среќа што имаше луѓе, дојде и пожарната, па не‘ спасија. Сега после тоа, секој ден се тресам од страв.“, рече Рахман.

Во станот Џемиле со своите деца живеела последните три години, откако им го подарил Кастрати. Тој го забележал малиот Рахман дека има талент за фудбал и разбрал дека децата со самохраната мајка живеат во мизерни услови, им купил стан. За жал, пожарот што се случи минатиот месец, го врати ова семејство во канџите на бедата.

Секој што сака да им помогне може да ги исконтактира на тел.број 071-695-640. Парични средства може да се уплатат на сметката:

200002 990525997 Стопанска Банка

Џемила Хорман

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 6 минути

Според ДЗС просечната нето плата во март била 40.496 денари

Гостиварпред 2 часа

Осквернавено срцето со македонското знаме и букви на натписот Гостивар

Гостиварпред 2 часа

Акциска контрола во Гостивар, санкционирани 12 пешаци

Македонијапред 2 часа

Сиљановска Давкова ја предводи државно-црковната делегација во Рим и Ватикан на одбележување на Денот на сесловенските просветители

Парламентарни избори 2024пред 5 часа

Прегласување во седум избирачки места за Парламентарните избори 2024

Гостиварпред 17 часа

Свеченост за 24 Мај во Гостивар: Почит кон нашето културно и духовно богатство

Парламентарни избори 2024пред 21 час

ДИК ги додели уверенијата за пратенички мандати

Македонијапред 22 часа

Јадење, пиење, облека, сметки…Мајските трошоци за семејство 60.090 денари

Македонијапред 23 часа

Велковски: Околу 9000 социјални семејства оштетени за 120 евра годишно

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена