Гостивар
Сите 500 термини за првата тура вакцини во Гостивар се пополнети, по 50 граѓани дневно ќе се вакцинираат
Како што веќе информиравме, утрово почна вакцинацијата против ковид во Гостивар, според предвиденото со повозрасните ризични групи граѓани, над 77 годишна возраст. Тимот од Здравствениот дом информира дека до сега имунизацијата се спроведува без проблеми, интерес има и дневно ќе се вакцинираат по 50-тина граѓани.
„Утрово во 8 часот започна вакцинацијата против ковид во Гостивар и се врши со вакцини на Астра Зенека. До сега, до 11 часот, вакцина примиле 18 граѓани, а за денес имаме закажано 47. Се‘ се одвива како што треба, според предвиденото, вакцинацијата продолжува секој работен ден од 8 до 16 часот. Интерес за вакцините има, за сите 500 дози кои ги добивме во првата тура се веќе пополнети термините“, изјави д-р Дафина Богданоска, која апелираше граѓаните кои доаѓаат за вакцина со себе да носат и лична карта.
Во спроведувањето на вакцинацијата во Гостивар асистираат тимови на Црвениот Крст. Тие се ангажирани околу пополнувањето на согласноста, која е задолжителна за секој што доаѓа да прими вакцина. Документот содржи прашања за евентуални алергиски реакции на лекови, дали лицето моментално има симптоми на ковид, дали прима некоја терапија за постоечка болест и слично.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!