Занимливости
5 европски земји без аеродром
Авионскиот транспорт е најбрз начин да се стигне од едно до друго место со децении наназад, но некои европски земји се уште се без аеродром. Oва се доста мали земји, но сепак, за да стигнете до нив, потребно е да ја преминете граница – по копнен пат или по море!
1. Ватикан
Ватикан е најмалата земја во светот. Сместено е во средината на Рим, кој веќе има два меѓународни аеродроми. Тука слетувате надвор од градот, а потоа можете да одите во Рим од каде што лесно ќе стигнете до Ватикан.
2. Сан Марино
Говорејќи за „чизмата“, Сан Марино е една од најмалите земји во светот и исто како и Ватикан, се крие во Италија. Најблискиот аеродром е аеродромот Римини, оддалечен 15 км.
3. Монако
Ова кнежевство од три страни е опколено со Франција и од четвртата со Средоземното море. Монако исто така нема аеродром, а најблискиот е на половина час во Ница.
4. Лихтенштајн
Оваа земја гордо ја носи титулата најмала земја во светот што граничи со две земји – Австрија и Швајцарија. Можни превозни средства за да стигнете во Лихтенштајн се автомобил, брод или воз, а најблискиот аеродром е во Швајцарија.
5. Андора
Андора се наоѓа помеѓу Шпанија и Франција и е земја во која можете да уживате во пешачење и скијање. Главниот град Андора Де Ла Вела може да се пофали со најголема надморска височина во Европа. За да стигнете до Андора треба да изберете аеродром во Шпанија или Франција.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ