Спорт
Во Гостивар се одржа 19-тиот кошаркарски настан „Другарите за Игор“
Заврши 19-тиот меморијален турнир „Другарите за Игор“, посветен на прерано загинатиот гостиварски кошаркар Игор Билески. На овогодинешниот настан учество зедоа младински екипи на КК Гостивар М16 и М18, екипата на КК АВ Охрид М16 и младинската репрезентација на Македонија М20.
Во првиот дуел помеѓу шеснаетгодишните врсници на КК Гостивар и КК АВ Охрид победата ја однесоа домаќините, односно младите надежи на Гостивар со резулатат 69-39.
Во вториот ревијален натпревар во кој се пресметаа младинците на КК Гостивар М18 и најдобрата кошаркарска селекција на Македонија М20, избраниците на селекторот Тони Симиќ го покажаа сиот раскош и квалитет добивајќи го дуелот со резултат 105-42.
Мемеоријалниот турнир се заокружи со доделување на благодарници на сите учесници. Турнирот „Другарите за Игор“ го организираа другарите на Игор со поддршка на КК Гостивар и Општина Гостивар.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!