Вести
Гостиварци со депресија голтаат апчиња, но не бараат стручна помош
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2017/04/depression-blood-test-11.jpg)
Светскиот ден на здравјето, 7-ми април годинава става акцент на депресијата – болест која последниве години се почесто се јавува кај луѓето. Дека расте бројот на депресивни граѓани, потврдуваат и лекарите во Гостивар. Потенцираат дека за болеста се` уште постојат предрасуди. Пациентите поретко се одлучуваат да побараат стручна помош, а само така и со соодветна долготрајна терапија, депресијата може да се победи. Се случува граѓани со симптоми на депресија да се обраќаат среде вечер во Итната медицинска помош, но откако ќе добијат лекови за смирување, не ги слушаат советите на лекарите да побараат помош кај невропсихијатар.
„Има луѓе што на своја глава земаат лекарства кои не им помагаат или ги пијат само два-три дена, што не е доволно. Депресијата е болест која може да се излечи, но лекувањето е долготрајно, трае неколку години. Затоа пациентите мора да си земат упат од матичниот лекар за невропсихијатар“, изјави д-р Фатмир Реџепи, раководител на Итна помош во Здравствен дом – Гостивар
Според податоците од Светската здравствена организација од депресија во светот страдаат над 300 милиони луѓе. Се претпоставува дека за неколку години, депресијата може да стане втора најчеста болест меѓу населението.
Веројатноста да се заболи од депресија, во одреден период од животот, се проценува на 11 до 15 проценти. Притоа, ризикот е поголем кај женската популација.
Светскиот ден на здравјето се одбележува под мотото – Депресија: ајде да зборуваме!
-
Гостиварпред 3 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин
-
Гостиварпред 3 месеци
Над 530.000 денари украдени од картичка на гостиварец
-
Гостиварпред 2 месеци
Поради дефекти прекин во водоснабдувањето во дел од Гостивар и Бањица