Гостивар
Информација од Гостиварското архиерејско намесништво за претстојните куќни слави
Пред нас е период на прекрасни празници и куќни слави кои голем број на православни верници во Гостивар и гостиварско ги слават. Свети Архангел Михаил (21 ноември), Воведение на Пресвета Богородица-Пречиста (4 декември), Света Варвара (17 декември), Свети Никола (19 декември) се дел од нив кои верниците најмасовно ги одбележуваат во кругот на семејството. По тој повод од Гостиварското архиерејско намесништво ги информираат верниците дека се организирани дежурни свештеници кои ќе ги благословат славските колачи во храмовите, наместо во домовите.
„Го повикуваме православното население од Гостивар кое ги чествува куќните слави кои ни претстојат и до сега своите славски колачи ги благословувале дома, годинава истите заедно со пченицата и виното за благослов може да ги донесат во храмот „Света Богородица“ во Гостивар. Свештенството од гостиварското намесништво организира дежурни свештеници кои ќе ги благословат славските колачи. На денот на славата и ден претходно од 7 до 14 часот“, соопштуваат од Гостиварското архиерејско намесништво.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ