Македонија
Земјоделците да ги искористат мерките за производство на сончоглед, апелира министерот Николовски
Земјоделците да го искористат партнерскиот пакет за договорно производство на сончоглед, за она што било традиционално и што го имаме, да се стави во функција, апелира денеска ресорниот министер Љупчо Николовски.
Тој соопшти дека Владата викендов ќе ја усвои одлуката за објавување на наменскиот оглас за доделување 6 000 хектари земјоделско земјиште за житни култури, пченка, сончоглед, пченица.
-Основната субвенција за хектар сончоглед е 15 000 денари. Секој што ќе произведуваа ќе добие ѓубриво од 2 500 денари од државата на неделна основа и 2 119 денари за „зелена нафта“. Секој, пак, што на еден хектар ќе направи принос од над 1,5 тон сончоглед ќе добие 100 евра. Тоа е огромна поддршка, а целта е да ги искористиме ресурсите зашто сега е моментот, да ги зголемиме производството и залихите за домашните преработувачки капацитети, подвлече Николовски.
Тој претходно објави дека Србија ја донела одлуката за извоз на два милиона литри зејтин во земјава.
Министерот рече дека масло за јадење има и оти граѓаните не треба да паничат, да купуваат зејтин и да го складираат дома.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!