Поврзи се со нас

Спорт

Ф4 расплет ни на повидок: КК Гостивар денеска мора да го совлада ТФТ Скопје во „Младост“

Објавено

на

Вчера и денес на програмата е 5. коло од кошаркарската Суперлига. Во трката за завршниот Ф4, првите две места Пелистер и МЗТ Скопје си ги „чекираа“ од поодамна, останува трката за останатите две за кои се борат четири екипи Еуроникел, ТФТ Скопје, КК Гостивар и од вчера по победата над кавадарчани и Феникс 2010.

После 4 одиграни кола расплетот не е ни на повидок. Секоја екипа има еднакви шанси и сами си одлучуваат за својата судбина, односно влез во завршниот Плеј-оф.

КК Гостивар по поразот од Феникс во првото коло, одлучи најважниот дел на првенството да го доигра без прв тренер, по раскинувањето со Јончевски, гостиварци од клупата ги води помошникот Никола Димитриевски, со кого го совладаа Пелистер во Битола и загубија од МЗТ Скопје на гостински терен. Денеска во еден од најважните натпревари сезонава ќе го пречекаат ТФТ Скопје.

Екипата од Тафталиџе и актуелниот победник во КУП натпреварувањето, во денешниот дуел влегува од 4. позиција на табелата со 41 бод, 15 победи и 11 порази. Додека гостиварци од 6. позиција со 40 бодови и скор од 14 победи и 12 порази. Во последните пет меѓусебни пресметки избраниците на Боро Смилковски имаат победа повеќе (3-2), но никогаш немаат победа во „Младост“.

За екипата на Гостивар, која по поразот од Феникс сама се отпиша, па после победата над Пелистер повторно сама се запиша во трката за Ф4, во овој дуел нема никакви други опции освен победа, со која поприлично ќе си ги зголеми шансите за остварување на целта.

Натпреварот се игра од 18 часот. На интернет дуелот може да го следите ТУКА.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Стојаноска: Промените ќе се случат на 8-ми мај, со уште поголема поддршка за бројот 2

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Нешковска: Да ја движиме државата напред наместо да ја блокираме, ве охрабрувам да го дадете гласот за поддршка на бројот 1

ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

СДСМ организираше велигденска забава на плоштадот во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 граѓани

Здравје и убавинапред 17 часа

Етерични масла против алергии

ИЗБОРИ 2024пред 18 часа

Вечерва на полноќ настапува предизборен молк

Гостиварпред 19 часа

Новата седмица почнува со сонце, ќе продолжи со дожд и ветер

Вестипред 20 часа

Денес е Ѓурѓовден, празник во слава на природата и животот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена