Рецепти
Пилешко бурито, Мексиканците знаат што е добар залак…
Направете брз и интересен оброк кој секој ќе го сака. Трикот за добро бурито е само во зачините. Ви ја откриваме тајната на овој оброк.
Потребно ви е едно поголемо пилешко филе исечкано на коцки. Додадете 1/2 лажичка ким, 1/2 лажичка толчена слатка пиперка и 1 лажица маслиново масло. Добро измешајте и оставете околу 20 минути.
Во тава со малку масло пропржете 1 поголем кромид ситно исечкан. Кога кромидот ќе стане карамелизиран, додадете го пилешкото и пропржете сè заедно со повремено мешање околу 5 минути.
По 5 минути пржење додадете 200 гр излупени домати исечкани на парчиња и 2 лажици скара зачин (или мексикански зачин). Додадете сол и бибер по вкус и измешајте со малку сечкан свеж магдонос.
Кога вишокот вода ќе испари, исклучете ја ринглата, а потоа додајте и измешајте 1 чаша црвен пастеризиран грав. Во меѓувреме загрејте ги тортиљите, премачкајте ги со павлака и филувајте со подготвениот фил.
Послужете топло.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!