Поврзи се со нас

Спорт Гостивар

„Гостиварци“ ќе ја тестираат репрезентацијата на Македонија пред квалификациите за ЕП 2021

Македонската кошаркарска репрезентација во петок официјално ќе ги започне подготовките за квалификациските мечеви за Евробаскет 2021.

Репрезентативците пред почетокот на квалификациите, на 16 февруари ќе одиграат еден подготвителен натпревар и тоа со екипата на КК Гостивар во СЦ „Борис Трајковски“. Натпреварот ќе се игра зад затворени врати.

Избраниците на селекторот Александар Тодоров првиот квалификациски натпревар ќе го имаат во А1 Арената СЦ „Борис Трајковски“, на 20 февруари со почеток од 20:15 часот против селекцијата на Естонија. Три дена подоцна „црвено-жолтите“ во рамките од групата „Б“ ќе играат на гостински терен во Перм против Русија.

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!