Поврзи се со нас

Гостивар

Ако скенирате фискални, поврат на ДДВ очекувајте во декември – вкупната сума е над 3 милиони евра

Објавено

на

На 30-ти септември, заврши првото тримесечје од реализацијата на мерката поврат на 15% од ДДВ, а граѓаните треба да ги очекуваат средствата од јули, август и септември на своите трансакциски сметки до крајот на декември 2019-та.

Управата за јавни приходи информира дека од воведувањето на мерката (1 јули) до вчера (30 септември) регистрирани се 170.378 корисници на апликацијата „МојДДВ“. Скенирани се 22.670.713 фискални сметки, остварен е промет од 11.423.978.620 денари, со вкупен ДДВ од 1.241.434.628 денари. Кај граѓаните се враќа вкупна сума од  186.215.194 денари, односно 3.028.000 евра.

Од УЈП изразуваат задоволство од досегашната реализацијата на мерката “МојДДВ“.

Во текот на февруари 2020 година ќе се исплаќаат собраните суми од ДДВ во периодот од октомври до крајот на годината, а во април следната година ќе се исплаќаат сумите за првите три месеци од 2020 година.

Прку веб апликацијата МојДДВ https://mojddv.ujp.gov.mk/ , граѓаните може да го проверат износот на повратот којшто ќе им биде исплатен, а имаат и можност за повлекување на фискални сметки коишто се скенирани погрешно.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена