Гостивар
Божиновска од Стоп Русино: Придружете се, секој да даде придонес за нашите деца да дишат чист воздух

Објавено
пред 4 месецина

Блокадата на Русино кај Гостивар почна на 2-ри август и трае веќе 40 дена. Ја иницираше граѓанска иницијатива, по серијата пожари коишто се случија на таканаречената депонија, а го загушија градот во чад и смрдеа.
Да се организира 24 часовна блокада не е едноставна работа, велат активистите. Потребни се луѓе што ќе дежураат во смени и во текот на денот и ноќе, за да го контролираат транспортот на ѓубре, кој моментално е дозволен само за камионите од Гостивар.
Соња Божиновска од граѓанската иницијатива, при денешното четврто по ред продолжување на блокадата, упати апел до сите граѓани да дадат свој придонес во борбата за чист воздух и здрава средина, без национална, верска или политичка поделба.
„Сакам да апелирам да го тргнеме егото настрана, да не се докажуваме кој сме, што сме, туку на овие 20-30 активни членови кои секојдневно се на блокадата да им дадеме поддршка. Дали со некои намирници, со присуство на смена или на било кој друг начин, затоа што да се организира 40 дена блокада е огромен процес и за големи организации. Ние сме само обична граѓанска иницијатива која се бори за чист воздух. Јас имам 3 деца кои сакам да ги растам во Гостивар и ќе продолжам да се борам, за да ги израснам во Гостивар. Не е идејата да се иселиме од Гостивар сите. Затоа ве повикувам, Стоп Русино постои – придружете се. Во групата на фејбуск броиме над 8.000 члена, сите кои се заинтересирани нека не контактираат за да ги организираме смените, затоа што не е фер, некој да биде 24 часа на смена, а некој да не се појави. И моето дете и нивните деца дишат чист возадух 40 дена заради таа блокада“, рече Божиновска.
Главното барање на граѓаните е да се затвори и дислоцира Русино
„Пораката е јасна, целта е да се дислоцира Русино. Пораката институциите ја знаат, нашите барања им се доставени, но очигледно не се разгледани и роковите ги пробиваат. Имаме сознанија дека во помалите полошки општини се создаваат диви депонии, за кои никаков глас не се крева. Градоначалниците не преземаат ништо, зашто ако преземаат, побрзо ќе се одржи состанокот со граѓанската иницијатива Стоп Русино и нешто ќе се реши. Не сме тука за да поддржуваме партиски, национално или верски. Тука сме да најдеме решение за Русино по некои европски стандарди што ги очекуваме. Буквално сите партии ги повикуваме, сите тие пратеници и советници што сме ги изгласале од Гостивар да дадат поддршка. Решението не е кај нас, туку кај институциите. Ние сме само тука да ги поттикнеме институциите.“, нагласи Божиновска.
АНКЕТА:

Бројот на активно корона заразени во регион на Гостивар падна на 332

Од полноќ поскапуваат горивата

Во подготовка е долгорочен план за управување со дивокозите во НП Маврово

Гостиварец ја нападнал сопругата, приведен е во полиција

Еден од условите да донирате конвалесцентна плазма е да имате над 55 килограми

Студенилото продолжува уште неколку денови

Снег падна во Сахара и Саудиска Арабија

Православен празник Водокрст (Водопост) во чест на крштевањето

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Надминат проблемот на „купувај домашно“ приговори може да поднесуваат и граѓаните на Општина Гостивар

Во тек е исплата на финансиска помош од 100 евра, приговорите се разгледуваат

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

(ВИДЕО) Локал крај патот Тетово-Гостивар полн со танчерки и гости, најден е и пиштол

Какво време не‘ очекува оваа работна недела?

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)

ФОТО ВЕСТ: Полициски час! Гостивар после 21 часот
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 1 месец
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар во тага, го загуби доктор Трајче Нешковски
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Спортпред 3 месеци
Важни победи за ФК Гостивар и Вардар Форино во 7.коло во 2МФЛ
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Рецептипред 2 месеци
Подгответе сочна есенска пита од јаболка