Здравје и убавина
Дали знаете која храна е одлична за здравјето на мозокот, а која не е?

Сите знаеме дека исхраната и физичката активност се најважните фактори за одржување на доброто здравје и физичко и ментално. Храната што ја јадеме секојдневно влијае на нашето расположение, но и на нашите способности. Така, постојат намирници кои се здрави за нашиот мозок и помагаат во зајакнување на мозочните функции.
Мозокот е несомнено најважниот орган во нашето тело, а храната служи како негово гориво и влијае на неговата работа. За подобра функција на мозокот, меморија, концентрација и ментална острина, клучно е да се избере здрава храна која е богата со хранливи материи. Од друга страна, исхраната богата со калории, шеќер и транс масни киселини има штетно влијание врз мозокот, па затоа треба да ја избегнуваме.
Генерално, мозокот најмногу сака начин на исхрана збогатен со овошје, зеленчук, интегрални житарки, здрави масти и риба, а бројните истражувања покажаа дека медитеранскиот тип на исхрана е најдобриот избор за долг и здрав живот.
Но, која храна најмногу ја сака нашиот мозок? Еве листа на намирници кои се идеален избор за мозокот бидејќи ја подобруваат меморијата, позитивно влијаат на расположението и општо на човековото здравје.
Темно чоколадо
Темното чоколадо кое содржи висок процент на какао (најмалку 70 проценти) е добро за здравјето на мозокот бидејќи флаванолите од какаото имаат антиинфламаторни и антиоксидантни ефекти и помагаат во подобрување на перформансите и функциите.
Кафе
Иако претерувањето со кофеин може да има негативен ефект врз здравјето на мозокот, кафето во мали количини е добар избор и ја подобрува меморијата и концентрацијата. Љубителите на кафе знаат дека нивниот омилен пијалок е богат со антиоксиданси. Некои студии исто така покажаа дека редовното консумирање кафе е поврзано со помал ризик од Алцхајмерова и Паркинсонова болест и деменција. Секако, умереноста е клучна, па затоа не се препорачува да пиете повеќе од две шолји кафе дневно.
Лосос
Нашиот мозок сака здрави масти, а најдобар избор се омега-3 масните киселини кои се наоѓаат во рибата. Истражувањата покажаа дека земањето додатоци со омега-3 масни киселини го зајакнува здравјето на мозокот и штити од опаѓање на мозочните функции, особено кај постарите лица. Понатаму, друга студија покажа дека поголемата потрошувачка на риба го подобрува обемот на сивата материја – областа на мозокот одговорна за контрола на мускулите, емоции, донесување одлуки, меморија и многу повеќе. Освен лососот, добар избор се и сардини, скуша, ленено семе и авокадо.
Боровинки
Бобинките, особено боровинките, се богати со моќни соединенија кои се добри за меморијата. Откриено е дека долгорочното консумирање на ова овошје може да го намали ризикот од опаѓање на функцијата на мозокот во третото доба.
Ореви
Оревите се вкусна и здрава ужина, а богати се со фитохемикалии и здрави масти кои благотворно делуваат на функцијата на мозокот. Истражувањата покажаа дека медитеранската исхрана збогатена со ореви може да ја подобри работната меморија, како и другите когнитивни вештини.
Зелен чај
За луѓето кои не пијат кафе, зелениот чај е совршена алтернатива, а во исто време може да ја подобри меморијата, работата на мозокот и концентрацијата. Се чини дека уникатната комбинација на кофеин и амино киселини му дава на зелениот чај статус на „мозочен пријател“.
Која храна не ја сака мозокот?
Иако постојат многу вкусни и здрави намирници кои му даваат енергија на мозокот и позитивно влијаат на целокупното човеково здравје, постојат и лоши намирници кои мозокот не ги сака. Тоа се првенствено:
- Пржени грицки кои се полни со нездрави масти
- Сокови кои се полни со шеќери
- Диететски сокови бидејќи содржат вештачки засладувачи и вештачки адитиви
- Алкохол бидејќи може да предизвика оштетување во подолг временски период
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден