Поврзи се со нас

Гостивар

DAVA Гостивар ќе дели само зготвена храна, имало злоупотреби со пакетите

Објавено

на

Поединци ја злоупотребувале помошта во пакети со прехранбени продукти од хуманитарната организација DAVA во Гостивар, поради што организацијата ќе го смени начинот на работа. На загрозените граѓани и семејства ќе им се делат само оброци подготвени во народната кујна на организацијата, додека пакетите се укинуваат.

„Решивме да направиме промени во начинот на кој работиме. Прекинуваме со делење на хуманитарните пакети и за семејствата кои користеле ваков вид помош ќе обезбедиме храна зготвена во нашата кујна. Тоа го правиме затоа што одредени поединци имаат тенденција да ги злоупотребуваат овие пакети и решивме целосно да ги укинеме за да избегнеме секаква можност за злоупотреба. Ќе направиме и проверка на списоците, ќе ги посетиме населбите, селата, ќе контактираме со одговорните, како што се претседателите на сите месни заедници, свештените лица, ќе се консултираме со нив за семејствата на кои навистина им е потребна помош и во оваа форма, храната ќе ја прифаќаат само семејствата на кои навистина им е потребна.“, појасни претседателот на организацијата, Муса Хусеин.

Бројот на луѓе кои се обраќаат кај нив за помош постојано се зголемува.

„За жал, листата на оние на кои им е потребна помош секој ден расте, од 380 достигна 450. Ја користам оваа прилика да апелирам до секој што знае загрозено семејство да ни обрати за да помогнеме.“, апелира Хусеин.

DAVA продолжува со доставување на лекови на луѓе кои не се во можност сами да ги обезбедат. Таква помош е обезбедена за скоро 90 граѓани.

Периодот со почетокот на новата учебна одина, организацијата посебно внимание посвети на децата без родители и за 48 деца од регионот на Гостивар обезбеди се‘ што е потребно за на училиште, а претходно за Бајрам и месо од курбан во поголеми количини.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 50 минути

25 годишна жена го пријавила партнерот за напад на улица во Гостивар

Гостиварпред 3 часа

Економското училиште во Гостивар домаќин на полуматурантите-Презентирани можностите, бенефитите и условите

Македонијапред 3 часа

Според ДЗС просечната нето плата во март била 40.496 денари

Гостиварпред 5 часа

Осквернавено срцето со македонското знаме и букви на натписот Гостивар

Гостиварпред 5 часа

Акциска контрола во Гостивар, санкционирани 12 пешаци

Македонијапред 5 часа

Сиљановска Давкова ја предводи државно-црковната делегација во Рим и Ватикан на одбележување на Денот на сесловенските просветители

Парламентарни избори 2024пред 8 часа

Прегласување во седум избирачки места за Парламентарните избори 2024

Гостиварпред 20 часа

Свеченост за 24 Мај во Гостивар: Почит кон нашето културно и духовно богатство

Парламентарни избори 2024пред 24 часа

ДИК ги додели уверенијата за пратенички мандати

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена