Еден ден со..
ЕДЕН ДЕН СО: Иван Петровски, доктор специјализант по пулмологија и алергологија
„Среќен сум што можам да им помогнам на луѓето“

Кои се твоите утрински ритуали и навики?
Моето утро најверојатно не се разликува од останатите луѓе со работни обврски. Утринското кафе и брзиот појадок се мојот почеток на денот.
Како тече еден твој работен ден?
Работниот ден ми започнува од 8 часот со состанок на кој се реферира состојбата на пациентите кои се на нашето одделение. Потоа се упатувам на оддел за дневни обврски кон нив и амбулантските пациенти. Турбулентен ден со многу пациенти и колеги кои работиме заедно во еден тим е секојдневие на кое полека се навикнав. Времето поминато со секој пациент и работата со нив ме исполнува, среќен сум што можам да им помогнам.
Со што го исполнуваш слободното време?
Во слободно време сакам да се релаксирарм и спортувам. Играм фудбал, трчам по кеј, а и некако секогаш наоѓам време за кафе и дружба со најблиските. Натпреварите на КК Гостивар се посебна приказна.
Како е да се биде медицинско лице во време на пандемија?
Да се биде медицинско лице во време на пандемија е огромен предизвик, на кој секој здравствен работник мораше и мора да одговори со надчовечки сили, впрочем како што доликува на нашата професија. Претешки денови исполнети со многу предизвици и непредвидливи ситуации кои бараат максимален фокус и енергија. Среќен сум што го поминавме тој период во кој пандемијата не раздели од многу наши блиски, се надевам нема да се повтори.
Што е најтешко во твојата професија?
Сметам дека е најтешко да се постави границата на емоционалната поврзаност со пациентите и нивните судбини. Да се покаже емпатија кон пациентите е обврска на секој доктор и медицинско лице, но да се разграничи тоа, за мене е најтешкиот дел во мојата професија.
Која ти е најголемата неостварена желба?
Навистина, тешко прашање…
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!