Здравје и убавина
Едно на ден, здрав како дрен!
Јаболката во секое време од година мамат со нивниот изглед и мирис. Со комбинација на различни вкусови и ароми, јаболката овозможуваат уживање, а истовремено се и благодат за здравјето на организмот.
Јаболкото е плод на овошјето, кое латински се нарекува Malus silvestris. Прататковина на јаболката е најстариот континент, Европа како и југозападна Азија. Се одгледува многу подолго, отколку што велат записите за него. Расте во сите температурни подрачја, а постојат и поединечни врсти на јаболка кои потекнуваат од Северна Америка.
Денеска, јаболката се одгледуваат насекаде и има неброено многу врсти. Се смета за едно од најважните земјоделски култури.
Јаболкото е освежително овошје со своја сопствена арома и вкус, кој најмногу го дефинираме како слатко – кисел вкус. Најчесто се јаде целосна, но може и да се пече, суши, преработува во сокови, мармалади, џемови, желе, а и од него може да се направи познатиот јаболков оцет.
Зошто јаболката се здрави?
Едно јаболко со средна големина содржи 4 грама влакна. Содржи петкин, кој го намалува лошиот холестерол и му помага на организмот да се искористи, а не да се прехранува и со тоа да се зголемува. Со оглед на тоа дека обилува со влакна, јаболкото подолго време ве заситува, иако во овошјето со средна големина има околу 95 калории. Нашиот организам подолго време ги вари сложените влакна, отколку шеќерот или рафинираните житарки. Препорачано е во нашиот организам, на ден да внесувам, по 25 – 40 грами влакна.
Јаболката содржат и еден вид на киселина, којашто помага во топењето на дебелината со тоа што ги согорува калориите, покажало експериментирањето на глувци. Доколку имате проблем со дишењето, јаболката можат да ви помогнат во тоа.
Ако консумирате јаболка секојдневно ќе ви се подобри функцијата на белите дробови, пишува магазинот Health. Јаболкото содржи антиоксиданси, кои се наоѓаат во неговата кора.
Јаболката можат и да го спречат развивањето на ракот на дебелото црево, покажало француското истражување во 2004 година. Се покажало и дека во јаболката има позитивни бактерии, тритерпеноиди, кои помагаат во борбата на организмот со болести на цревата и ракот на дојката.
Јаболката не само што се вкусни и можат да послужат како состојка во некоја блага зимница, тие имаат позитивно влијание и на здравјето кај луѓето.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди