Фељтон
ЕКСКЛУЗИВНО! Gostivarpress.mk ви ја открива најинтересната спортска приказна од градот: КАКО СЕ РОДИ ГОСТИВАРСКАТА КОШАРКА

На крајот од годината која ќе се памети по преродбата на кошарката во Гостивар и големите успеси на гостиварскиот кошаркарски клуб, Gostivarpress.mk ќе ве почести со најинтересната спортска приказна од градот. Полна со емоции, неверојатни доживувања и случки, ликови кои ќе ја освежат меморијата на повозрасните, а ќе поттикнат љубопитност кај помладата генерација.
Чест ни е да го најавиме фељтонот во неколку продолженија: КАКО СЕ РОДИ ГОСТИВАРСКАТА КОШАРКА? Преку сведоштвото на гостиварецот Петар Илоски кој бил дел од првата петорка на првиот кошаркарски клуб во Гостивар, КК Маврово ќе ве вратиме назад во времето. Ќе дознаете кој и од каде го донел првиот баскет во градот, како било да се игра на импровизиран терен кој кошаркарите сами го адаптирале и во прво време без тренер, како КК Маврово се запиша во кошаркарската мапа на тогашна СФРЈ, кои биле најголеми ривали на гостиварскиот клуб, колку биле борбени момците од Гостивар во натпреварите од втората источна лига на Југославија и многу други детали.
Во фељтонот ќе бидат помесетни до сега необјавени податоци и фотографии. Објавувањето на првиот дел го планираме во текот на наредната недела, токму пред натпреварот што нашиот прволигаш го игра со КК Куманово на 23.12.2017.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја