Поврзи се со нас

Спорт

Филип Деркоски најбрз на вториот Богородичен пливачки маратон „Леуново 2020“

Објавено

на

Вчера во водите на Мавровско езеро се одржа вториот Богородичен пливачки маратон „Леуново 2020“, кој е дел од Македонскиот куп во далечинско пливање. Маратонот е дел од одбележувањето на празникот „Успение на Пресевета Богородица“ во село Леуново, кој традиционално се прославува на 28 август.

На годинешното издание „Леуново 2020“ учествуваа 48 пливачи од десетина клубови од Македонија, натпреварувајќи се на 2,5 километарската кружна патека поставена во водите под хотел Радика, на источната страна на Мавровското езеро.

Филип Деркоски како минатата така и оваа година прв мина низ целта. Деркоски  ја преплива патеката за 33 минути и 38 секунди, со задоцнување од 2 секунди втор низ целта мина Александар Илиевски, трет заврши Иван Трпчевски, со време 38 минути и 43 секунди.

Во категоријата 15 до 17 години мажи, најбрз беше Андреј Стојановски, со време 35 минути и 6 секунди, втор Давид Тануровски, третото место му припадна на Христо Динев.

Во најмладата категорија мажи 12 до 14 години, првото место го освои Михаил Велков со време 38 минути и 34 секунди, второпласран беше Јован Јанковски, трет заврши Симон Попоски.

Кај дамите, во категорија 15 до 18 години, Јана Костадиновска имаше најдобро време, стазата за мина за 38 минути и 35 секунди, Миа Блажеска Еминова заврши втора, Калина Стојчевска беше трета.

Во најмладата категорија жени, 12 до 14 години, Калина Стојановска го освои првото место, Јана Милковска втора, како третопласирана низ целта мина Софија Дамјанова.

Прогласувањето на победниците и доделување на медалите се одржа веднаш по завршувањето на маратонот. Медалите на најспешните им ги додели директорот на ЈУНП Маврово, Самир Ајдини, кој им честиташе на победниците и организаторитите на овој настан.

Технички организатор на вториот Богородичен пливачки маратон „Леуново 2020“, беше Пливачкиот клуб Бета Шаркс од Скопје, под капата на Националната пливачка федерација, а истиот го помогнаа: Општина Маврово-Ростуше, Национален парк Маврово, Ресорт Маврово и Ски центарот и Министерството за одбрана на Република Северна Македонија.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 8 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 12 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 14 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 15 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 16 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 17 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 18 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 19 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена