Вести
ФК Гостивар одигра нерешено со Велазерими – ФК Генч Калемлер загуби од Струга
Викендов се одигра 22-то коло од 2МФЛ – запад, кое не беше најсреќно за претставниците на Гостивар во ова натпреварување.
Фудбалерите на ФК Гостивар на домашен терен играа со екипата на Велазерими 77 од Кичево. Резултатот го отворија гостите во 25. минута и заминаа со предност на полувреме. Гостиварци успеаа да изедначат во 52. минута преку Иљаз Чиљафи, но немаа сила за целосен пресврт, натпреварот заврши 1:1. Директниот влез во повисок ранг е веќе недостижен за избраниците на Менга, останува во последните пет кола фудбалерите на Гостивар да се изборат за бараж. Во следното коло ФК Гостивар игра во Скопје против истоимената екипа.
ФК Генч Калемлер имаше тежок натпревар против лидерот на табелата екипата на Струга Трим љум. На градскиот стадион во Гостивар загубија од гостите од Струга со резултат 0:1. Избранците на Топчиу сеуште се наоѓаат во опасната зона во која следи испаѓање во понизок ранг. До крајот на првенството остануваат уште пет кола во кои екипата од Долна Бањица мора да одигра квалитетно доколку сака да остане во 2МФЛ. Во следното коло Генч Калемлер му гостува на Кораб во Дебар.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар