Здравје и убавина
Го намалува крвниот притисок, го штити срцето – овошје кое според Хомер е дар од боговите

Иако некои видови круши можеби на прв поглед не изгледаат привлечно, па многу луѓе ги избегнуваат при купувањето во зима, тие се меѓу најздравите овошја.
Во последно време нутриционистите се почесто ги ставаат крушите на самиот врв на листата на најздрави овошја, а познато е и дека грчкиот поет Хомер ги нарекол подарок од боговите.
Крушите се богати со важни витамини и минерали, вклучувајќи калиум, витамин Ц и К, како и фолна киселина и затоа имаат бројни позитивни ефекти врз организмот.
Срцето му се радува на калиумот
Срцевите заболувања се една од најчестите причини за смрт во светот. Крушите се добар извор на калиум, што значи дека позитивно делуваат и на срцето. Калиумот помага во намалување на крвниот притисок, што го олеснува целиот кардиоваскуларен систем и го спречува создавањето на згрутчување и го намалува ризикот од срцев удар.
Освен тоа, калиумот го зголемува протокот на крв во различни делови од телото кои на тој начин подобро се снабдуваат со кислород, а со тоа и подобро функционираат. Тие исто така помагаат во намалување на крвниот притисок и нормализирање на нивото на холестерол.
Со низок гликемиски индекс, крушите го спречуваат формирањето на високо ниво на шеќер во крвта и на тој начин го контролираат нивото на гликоза. Ова овошје е повеќе од погодно за контрола на тежината, бидејќи е нискокалорично и богато со хранливи материи кои го забрзуваат процесот на слабеење и го зајакнуваат имунитетот.
Само половина од крушата содржи дури 15 проценти од дневната препорачана доза на бакар, што помага во одржување на здравјето на нервниот систем, што влијае и на здравјето на целиот мозок. Покрај тоа, крушите се одличен извор на фруктоза и гликоза, кои го снабдуваат организмот со енергија во текот на денот. Ако наутро додадете малку круша во состојките на омиленото смути, нема да погрешите.
Тие го спречуваат развојот на рак
Поради високата концентрација на растителни влакна кои ги содржат, крушите помагаат во спречување на развојот на разни видови на рак вклучувајќи го и ракот на дебелото црево и на дојката. Покрај тоа, крушите се богати со антиоксиданси кои ги штитат клетките од слободните радикали, а содржат и одредени киселини кои го спречуваат ракот на белите дробови и желудникот.
Добри се и за очите
Бидејќи крушите содржат многу антиоксиданси и витамини, тие се меѓу најдобрите намирници кои се добри за одржување на здравјето на очите. Некои студии дури имаат покажано дека јадењето круши значително го намалува ризикот од макуларна дегенерација на окото.
Добри се и за варење
Крушите содржат многу висок процент на влакна, кои се важни за добро варење. Повеќето влакна кои се наоѓаат во крушите спаѓаат во категоријата полисахариди кои го олеснуваат преминувањето на храната низ цревата.
Покрај тоа, тие го стимулираат лачењето на желудечните и другите дигестивни сокови, што исто така обезбедува побрзо и полесно варење на храната. Ако вклучите круши во вашата исхрана, тогаш постои многу помал ризик од разни дигестивни проблеми како што е запек. Сепак, влакната во крушите можат да го заштитат и дебелото црево од штетните слободни радикали и на тој начин да го намалат ризикот од рак.
Го зајакнуваат имунитетот
Поради високата содржина на витамин Ц, консумирањето круши ќе помогне и за зајакнување на имунолошкиот систем. Витаминот Ц го стимулира производството и активноста на белите крвни зрнца. Освен тоа, со помош на крушите многу полесно ќе се надминат настинките и другите проблеми поврзани со ослабен имунолошки систем.
Улогите што ги игра витаминот Ц во нашето тело се многу разновидни. Еден од нив е да учествува во регенерацијата на ткивата и клетките. Така и крушите можат да помогнат во забрзување на зараснувањето на раните, а корисни се и за поправка на оштетените крвни садови.
Одлични се за трудници
Крушите содржат многу фолна киселина, што е особено важно за трудниците и жените кои планираат бременост, бидејќи ја намалува можноста за оштетување на невралната туба кај новороденчињата. За време на бременоста, се препорачува да се консумираат додатоци во исхраната кои содржат висока содржина на фолна киселина, а одредени видови храна, вклучително и крушите, може да ви помогнат да постигнете доволен внес.
Антиоксидансите во крушите, особено флавоноидите, имаат и антиинфламаторно дејство. Конзумирањето круши може да помогне и во ублажување на болката поврзана со болести како што се артритис, ревматизам и гихт. Тоа всушност е случај со повеќето овошја, со исклучок на цитрусот, кој не се карактеризира со толку изразено антиинфламаторно дејство.
Отворени огласи за вработување:

Истражувања: Парите може да купат поквалитетен живот, но не и среќа

Финале во Лигата на шампионите: Реал или Ливерпул, Анџелоти или Клоп?

ЗНМ и ССНМ бараат посебно одделение во ОЈО за заштита на новинарите

Внимателност заради силното невреме и можни опасни порои викендов, апел од ЦУК

Генерацијата ‘68/‘72 од гимназијата во Гостивар прослави половина век од матура

Наталитетот зголемен во земјава, но природниот прираст и натаму негативен

Во Леуново за првпат во Македонија ќе се одржи трка на терен со пречки „Leunovo OCR“

Можно е поскапување на струјата за 10% од јули

Гостиварец пријавил дека бил нападнат во фабрика од колега

Ковачевски: Патот Маврови Анови-Жировница е највредниот инфраструктурен зафат во општината Маврово Ростуше

Црвенковски: Потпишувањето Договор за пријателство со Бугарија со таква содржина беше голема грешка

Врачени признанија за особен придонес во работата на ХЕС „Маврово“

Пријавена кражба на автомобил паркиран на улица во Гостивар

ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја

Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

Завршил во ПС Гостивар поради закани кон сестрите и внуката

Почина Петар Илоски, еден од втемелувачите на гостиварската кошарка

Емотивна средба во гимназијата во Гостивар-Прослава на 55 години матура

Бизнис саем во Гостивар, учествуваат 20-тина компании

74 граѓани на прелиминарната листа за социјален стан во Гостивар

КК Гостивар казнет со 165.000 денари, два натпревари без публика и суспензија на стручниот штаб

Свеченост за матурантите во економското училиште во Гостивар: Ни го покажавте патот, предизвикот е наш!

Влезниците за КК Гостивар – МЗТ Скопје пуштени во продажба, по иницијатива на поддржувачи на КК Гостивар

ИНТЕРВЈУ со Д-р Виолета Зафировска Николовска, специјалист по семејна медицина

Жена физички нападнала три жени во бутик во Гостивар

МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

Успешен концерт во Гостивар на друштвото „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

2МФЛ: ФК Гостивар го шокираше Вардар совладувајќи го 2-1

Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење

Гостиварското основно музичко училиште прослави патронат

Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?

Гостивар порача: Не сте сами!-Поддршка за жените во борбата против рак

Храбриот Гостивар немаше доволно сили за целосен шок – Победа на МЗТ 87-85 (фото)
ДНЕВЕН БРИФИНГ НА ВЕСТИ
Внесете ја вашата електронска пошта и добивајте ги најважните дневни вести на Gostivarpress.mk секој ден во 20 часот.
Ви благодариме!
Вашата електронска пошта е додадена.
Популарно изминативе 100 дена
- Македонијапред 1 месец
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Македонијапред 3 месеци
Православните христијани одбележуваат празник Тодорова сабота
- Македонијапред 2 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиварпред 2 месеци
Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар порача: Не сте сами!-Поддршка за жените во борбата против рак
- Што, како, каде?!пред 2 месеци
Нов леток со НЕВЕРОЈАТНИ акции во МОНТЕНЕГРО Маркети
- Бизниспред 3 месеци
ПЕЛА МЕД Гостивар – Прв дом за нега и грижа на лица по светски стандарди
- Гостиварпред 3 месеци
Љубовна драма со закани и напади во Гостивар, приведени две лица