Поврзи се со нас

Спорт

Големи промени во Евролигата од сезоната 2025/26: Ќе учествуваат 20 клубови, се воведува и „селери кап“

Објавено

на

Кошаркарската Евролига од сезоната 2025/26 ќе има 20 наместо 18 клуба, А лиценца ќе добијат уште неколку клуба, а ќе се воведе и „селери кап“, односно максимална сума пари што еден клуб може да ја потроши за платите на играчите и тренерите во една сезона, објави „Газета“.

Грчкиот весник тврди дека ова е последна сезона со 18 клубови, од кои 13 се носители на лиценца. Од следната сезона ќе учествуваат 20 клубови, а се додава дека лиценца ќе имаат 15 или 16 клубови.

Моментално лиценци имаат Реал, Барселона, Басконија, Ефес, Фенербахче, Олимпијакос, Панатинаикос, Жалгирис, Макаби, Милано, Баерн и Асвел, како и ЦСКА Москва, која е суспендирана до понатамошно известување поради воениот конфликт во Украина.

Не се споменува кои два или три клуба се уште би можеле да добијат долгорочни лиценци за учество во елитното натпреварување.

Изданието посочува дека се размислува за промена на системот на натпреварување, иако останува отворена можноста да продолжи да се игра според регуларниот тек како досега, само што наместо досегашните 34 кола, би се играле 38 кола.

Друга опција е да се поделат клубовите на две дивизии со по 10 клуба, по примерот на НБА лигата, за да не се зголеми бројот на натпревари во регуларниот тек.

Планирано е да се постави „селери кап“ на 12 милиони евра по сезона, колку што смеат да бидат вкупните плати на играчите и тренерите.

Исто така, ќе се постави услов за минимален буџет кој нема да биде помал од седум милиони евра.

„Газета“ истакнува дека засега тоа се само идеи на челниците на Евролигата и дека во наредниот период со клубовите ќе се разговара за имплементација на промени во натпреварувањето почнувајќи од следната сезона.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 3 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 3 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 3 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 4 недели

Неуморен автор! Гостиварецот Кипроски промовира уникатна и ретка монографија

Гостиварпред 2 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Невеста и зет на Галичка свадба 2024 се Стефана Димитрова и Даријан Кочоски

Гостиварпред 2 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Македонијапред 4 недели

Се намалува цената на горивата од полноќ

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена