Поврзи се со нас

Бизнис

Играта во улога на стимулатор на интелигенцијата и креативноста кај децата

Објавено

на

Играта во детството влијае на развојот на детето и ги обликува неговите когнитивни способности. Интелигенцијата и когнитивните способности не зависи само од бројот на нервни ќелии,туку и од бројот на врски помеѓу неуроните. Периодот до седмата година е најдрагоцен за формирање на овие врски, но како да го стимулираме развојот на овие неуронски врски и како да го поттикнеме неискористениот потенцијал во мозокот на децата?… Неискористениот потенцијал на човековиот мозок и силата на детето здружени со посветеноста на родителите ја отвараат вратата кон креативно учење, брзо созревање и лесно откривање и развивање на способностите. На ваков начин навремено го припремаме детето за новите животни предизвици.

КРЕАТИВНО – ПСИХОЛОШКИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА ДЕЦА во Гостивар

Многу е важна возраста до седмата /осмата година од животот бидејќи во предшколскиот период брзината на создавање на врски меѓу неуроните е најголема во овој период.Во мозокот се одигрува борба за доминација помеѓу неуроните, се создаваат нови врски помеѓу активните неурони и новите командни патеки. Во овој период се поттикнува развојот на важни центри во мозокот, се формира цела мрежа на нови врски,неактивните неурони изумираат.

Најдобриот метод за стимулирање на интелектуалниот развој кај децата е преку играта. Активностите како што се скокање, прескокнување, качување треба што повеќе да им се дозволуваат на децата, бидејќи е докажано дека играта е важна за развојот на детето.

Играњето е важно за развојот на дететобидејќи основната карактеристика на човекот е одењето кое во процесот на еволуација не развило, посебно нашиот мозок кој преставува орган за преживување.

Преку играта сите делови на мозокот се ускладени, поврзани, и работат синхронизирано. Ако детето подолго време поминува во лежечка положба или седејќи ја отвараат вратат за подоцнежен развој на когнитивните способности.Поради тоа треба да се воведат правила за децата, а тие гласат – еден саат седење треба да се компензира со два сата играње ( надвор од домот, во паркот, на игралиште).

Ако детето не се движи мозокот добива помалку импулси и така настануваат проблеми.Тука треба да ги форсираат моторните игри во  кој детето скока,играат со топка и тн со што ќе се дефинира нашите подоцнежни способности.

Преку специјална програма за стимулирање на интелектуалниот развој преку игри и креативни вежби може да се откриое потиснатиот потенцијал кај децата и да се подобри интелектуалниот развој.

Моторните способности се оние способности со кој децата учествуваат во решавање на моторните задачи и воспоставување на успешно движење. Рационалните техники на изведување на моторните вежби ќе доведе да функционалниот потенцијал на детето да дојде во полн подем.

Најзначајни игри кои што детето ги сака, а воедно и позитивно делуваат на интелектуалниот развој се: ротирање околу својата оска, скокање,игри со одржување на баланс, трчање, прескокнување, играње со топка и т.н.

Друштвените игри како што се „Не лути се човече“ „Меморија“ покрај тоа што се забавни  им овозможуваат на децата да рачунаат, да бројат, да размислуваат и на тој начин да го развијат бројот на синапсите и да го стимулираат развојот на интелигенцијата.

Сложувалките се едни од најкреативните достапни игри кои го потпомагаат логичкото мислење, вниманието, помнењето и го поттикнуваат правилниот развој на фината моторика на рацете и ја воочуваат врската помеѓу поедини елементи во целина.

Читањето и прераскажувањето придонесува за развој на центарот за говор, го збогатува речникот и ја развива креативноста и интелегенцијата.

(комерцијална објава)

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена