Гостивар
Испитуван вештак за Ласкарци, судењето продолжува на 31 октомври

Во основниот кривичен суд Скопје во врска со автобуската несреќа кај селот Ласкарци денеска беше испитувано вештото лице Љупчо Постолов, дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење за несреќата во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени.
Адвокатот Љупчо Мицевски, бранител на шестообвинетиот – возачот на автобусот, денеска продолжи да го испитува вештото лице Љупчо Постолов.
Прашан дали 1,67 секунди не се доволни за сопирање, но е доволно за реакција на воланот и насочување на воланот кон десно, тој одговори дека неколку пати нагласиле дека од возачот на автобусот немало никаква реакција.
Во врска со тоа дека воланот по незгодата е најден завртен во десно, прашан дали во предметот сретнале фотографија каде што воланот е фотографиран во позиција за движење право, тој одговори дека во крајната положба воланот е во деформирана состојба.
„Таква фотографија нема, но објаснив дека сите фотографии каде што е воланот свртен кон десно може да биле од многу други причини и деформации“, рече вештакот.
Прашан дали АБС системот на овој автобус бил исправен на денот на незгодата, тој одговори не.
„Според машинските согледувања, АБС системот не бил исправен, односно била пресечена жицата што е поврзана со уредите“, одговори тој.
На прашањето дали таа неисправност на АБС системот била кај едно од тркалата, или кај сите тркала, тој одговори кај сите.
Прашан дали со ваков неисправен АБС систем за кочење, овој автобус смеел да биде пуштен во сообраќај и да превезува патници на ден 13.2.2019 година од страна на одговорните лица на превозникот Дурмо Турс, тој одговори дека не би требало.
„Сметам дека не би требало, бидејќи секоја неисправност која би се утврдила на техничкиот преглед, пред да биде пуштен автобусот во сообраќаен промет, требало да биде отстранета“, рече вештакот.
Прашан дали при ваков неисправен АБС систем, при максимално кочење со ножната кочница, може да дојде до тоа предните тркала на автобусот да не се управуваат, тој одговори дека АБС системот немал никакво влијание ниту е во причинска врска за случување на сообраќајната незгода.
Сослушувањето на супервештаците се одвива веќе подолго време. На последните рочишта бранителот на шестообвинетиот – возач на автобусот, постави повеќе прашања во однос на настанувањето на несреќата и техничката неисправност на автобусот, на кои на најголем дел имаше приговори од страна на бранителите на останатите обвинети, според кои, прашањата се повторуваат.
Обвинителот на денешното рочиште рече дека стратегијата на бранителите на останатите обвинети е да ја префрлат одговорноста на возачот, на што, тие одговорија дека е недозволиво јавен обвинител, изјавувајќи такво нешто, да се става во улога на бранител на обвинет.
Покрај Постолов, во тимот вештаци кои го изготвија сообраќајното супервештачење се и вештаците Јакуп Мамути и Невзат Зеќири
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар