Поврзи се со нас

Гостивар

Околу 10 милиони денари за чистење на снегот во Гостивар, во тек е тендер за избор на фирма

Објавено

на

Во пресрет на годинешната зимска сезона, Општина Гостивар започна со подготовките за  одржување на улиците и патиштата кои се под нејзина надлежност. Во тек е тендерот за избор на фирма што ќе го чисти снегот и ќе набави индустриска сол за зимско одржување.

За чисти улици и патишта во зима локалната самоуправа ќе издвои 10 милиони денари од буџетот.

„Општина Гостивар е веќе во подготовка за зимско одржување, во процедура е јавниот оглас за избор на фирма. Планирани се средства од околу 10 милиони денари кои би се искористиле за одржувањето. Инаку, во секојдневен контакт сме и со јавните претпријатија кои ќе потпомогнат за зимско одржување, а во есенскиот период ќе спроведуваат активности за чистење на канализациите, шахтите за да немаме поголеми проблеми со пообилни врнежи“, изјави претседателот на Советот, Валбон Лимани.

Како што е наведено во тендерот, од фирмата се бара да располага со специјални машини и возила како: булдожер, грејдер, камиони со плуг и слично, како и да има минимум седум вработени или ангажирани лица.

Тендерот трае до 3о октомври, кога ќе има јавно отворање на понудите.

 

 

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена