Спорт
„Каква, таква“ стартува новата сезона во Формула 1
Иако, тимовите беа спремни уште во март годинава за старт на првата трка во Австралија, во новата сезона на Ф1, поради корона пандемијата, трките една по една започнаа да се одлагаат. Сепак, за челниците на Ф1 единствена цел беше сезоната да се одржи. Па со тешки маки, некако, се скрои распоредот за нејзино одржување.
Од предвидените 22 трки, засега потврдени се само 8. Со тоа што на првите две патеки, ќе се возат по две трки. Викендов, како и една недела подоцна ќе се вози на “Ред Бул Ринг“ во Австрија, а истиот принцип, односно две трки, се планира да се возат и на патеката “Силверстоун“ во Англија. Потврдени се и трките во Унгарија, Шпанија, Белгија и Италија. Тоа се воведните 8, а од Ф1 се надеваат дека во календарот до крајот на сезоната ќе вметнат уште некоја трка, во зависност од состојбата со корона вирусот во светот.
Трките ќе бидат без навивачи на трибините, а сите учесници имаат добиено посебен протокол за заштита од Ковид-19, по кој мора строго да се придржуваат. Ако се случи да има по некој заразен, шампионатот нема да биде откажан или одредена трка одложена, што е добро за љубителите на најбрзиот циркус во светот.
Хамилтон и Ботас со Мерцедес важат за главни фаворити на овогодинешниот шампионат, но никогаш не смеат да се отпишат Ферари со Себастијан Фетел, на кого ова му е последна сезона во црвениот болид и сѐ подобриот Шарл Леклер, како и Макс Ферстапен од Ред Бул Рејсинг.
Денес се возеше првиот тренинг, утре (сабота) е борбата за пол-позиција, а трката е во недела од 15:10 часот.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди