Поврзи се со нас

Спорт

КК Гостивар го доби противникот во финалниот Плеј-оф и Купот на Македонија

Објавено

на

Со одигрување на последните два натпревари помеѓу Куманово и Вардар и Црн Дрим и МЗТ Скопје кои завршија со интересни резултати, кумановци во борба за 5. место успеаа да ја совладаат екипата на Вардар со +34 поени разлика 112-78, со што ја преминаа екипата на Гостивар на табелата поради подобра кош разлика, и шокантниот пораз на претставникот на земјава во АБА2 лигата, МЗТ Скопје во Струга од дебитантот во Првата лига сезонава, последнопласираната екипа на Црн Дрим 90-88, се комплетира последното 22. коло, со што се формира конечниот распоред на табелата пред почетокот на финалниот Плеј-оф.

КК Гостивар во четвртфиналната борба за титула, ќе се сретне со третопласираната екипа на Еуроникел од Кавадарци.

Останатите двојки се:

Пелистер-Навико ФМП,
Работнички-ТФТ Скопје
МЗТ Скопје-Куманово.

Во полуфиналето ќе се вкрстат победниците од:

Пелистер-Навико ФМП и МЗТ Скопје-Куманово
Работнички-ТФТ Скопје и Еуроникел – КК Гостивар

Иако паровите за КУП натпреварувањето Благоја Георгиевски – Буштур, требаше да бидат познати од поодамна, односно по завршувањето на првиот дел од сезоната 2020/2021, поради многуте одложени натпревари, официјалните двојки се прогласија денес, според конечниот пласман.

„Бело-сините“ од Гостивар на 14.05.2020, повторно ќе се сретнат со екипата на Еуроникел, како и останатите парови и распоред кои се исти како во Плеј-офот.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена