Спорт
Гостивар го докрајчи Работнички 57-91

Гостивар ја запиша шестата победа во низа, совладувајќи ја вечерва во СЦ Кале екипата на Работнички со резултат 57-91.
За Работнички ова е пак петти негативен резултат во серија. Поразот од Гостивар дополнително ја продалобочи кризата на „центарци“ со што сериозно си ги загрозуваат шансите за излез од плеј-аут зоната.
Домаќините против мотивираниот Гостивар издржаа само првата четвртина, во која најчесто беа во предност, но екипата на Гостивар ја презеде предноста во вториот период и до крај на натпреварот се знаше кој е кој на теренот.
Ијасу Ворку и Ранко Мамузиќ беа најефикасни со по 17 постигнати поени. Ефремовски запиша 16, Јанески 14, Силаџи 12 поени.
КК Гостивар во петок ќе го одигра првиот „натпревар на сезоната“ во КУП натпреварувањето против МЗТ Скопје, а победа од +34 против Работнички е најпосакуваната увертира.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите