Спорт
Кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски Буштур“ ќе се одржи во Скопје од од 14. до 16. мај

Кошаркарската Федерација на Македонија ќе биде организатор на завршните турнири од Куп-натпреварувањето за 2021 година.
Осумте најдобри екипи во машка сениорска конкуренција, односно четирите најдобри екипи во женска сениорска конкуренција ќе се надигруваат меѓу себе за да стигнат до престижниот трофеј од кошаркарскиот Куп, кој од ова издание ќе го носи името на Благоја Георгиевски – Буштур.
По пауза од шест години, завршницата од Купот се враќа во Скопје. Последен пат Скопје беше дел од Куп-приказната во 2015 година, а оттогаш завршницата се одигра на терените во Гевгелија (2016 и 2019 година) и во Кавадарци (2017 и 2018 година). Ланското издание на кошаркарскиот Куп беше одложено поради пандемијата со COVID-19.
Завршниот турнир во женска конкуренција, оваа година ќе се одигра на 7. и на 8.мај, додека осумте најдобри во машка конкуренција ќе се борат за трофејот во периодот од 14. до 16. мај. Сите натпревари, и во машка и во женска конкуренции, ќе се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.
Бранители на трофеите се кошаркарскиот колектив Работнички, кој воедно е и најтрофеен во машка конкуренција, додека кај дамите е женскиот кошаркарски клуб Вардар кој ги освои последните три изданија (2017, 2018 и 2019 година).
Кошаркарскиот клуб Гостивар е освојувач на две титули во ова натпреварување, во 2001 и 2002 година совладувајќи ги во финалето Годел Работнички, односно Фершпед Работнички, тогаш под името Никол Ферт.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград