Спорт
Кожув домаќин на КК Гостивар во последното 22 коло

Во последното коло од регуларниот дел во сезоната 2021/2022, во Гевгелија ќе се сретнат екипите на КК Кожув и КК Гостивар.
Иако одредени се сите патници во Супер-лига, односно Плеј-аут, денешниот натпревар не е без никакво резултатско значење. Кожув со 8 победи и 13 порази се наоѓа на 9. позиција на табелата, во не толку лоша позиција, но далеку од обезбеден опстанок во лигата, со освојување на нови два бода, кои се пренесуваат во следната фаза гевгеличани ќе си го олеснат патот до сигурен опстанок.
КК Гостивар нема победа четири натпревари, од високата 3.позиција која ја имаа подолго време, гостиварци успеаа да се најдат на 6. место пред почетокот на Супер-лигата. Покрај прекинувањето на негативната серија, на избраниците на Александар Јончевски потребна им е победа во овој дуел и поради бодовите кои исто се пренесуваат во следната фаза, со нови два бода, бодовната разлика на четирите екипи од 3. до 6. место би била само разлика од 2 бода, што е најава за крајно неизвесна трка за 3. и 4. позиција на табелата, кои водат во завршниот Плеј-оф.
Натпреварот во Спортската сала „26 април“ во Гевгелија започнува од 18 часот, во живо натпреварот може да го следите ТУКА.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022