Спорт
Квалификации ЕП 2025: Македонските кошаркари ја совладаа Норвешка

Македонската машка кошаркарска репрезентација ја продолжи победничката низа во претквалификациите за пласман на Европското првенство 2025, откако вечерва во Гевгелија ја совлада Норвешка со убедливи 58-36 во рамки на третото коло во групата Д.
Македонските кошаркари одлично влегоа во натпреварот и со цврста игра во одбраната го сведоа противникот на само 16 постигнати поени по првото полувреме во кое предноста на „црвено – жолтите“ изнесуваше +16 (34-18).
Победата на македонскиот тим не беше доведен во прашање во ниту еден момент во продолжението, а кон средина на четвртина предноста достигна највисоки +23 (55-32).
Најефикасни во македонските редови беа Војдан Стојановски и Бојан Крстевски со по 14 поени, а забележителен дебитантски настап имаше и новото засилување Ти – Џеј Шортс.
Во вториот натпревар во групата Д одигран вечерва, Словачка на домашен терен ја совлада Данска со 74-70.
По три одиграни натпревари Македонија е единствена со максимален ефект во групата пред Норвешка (2-1), Словачка (1-2) и Данска (0-3).
Ноемврискиот циклус во претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2025 избраниците на селекторот Александар Јончевски ќе го заокружат в недела против Данска во Гевгелија, по што преостануваат два дуели во февруари на гостински терен против Словачка и Норвешка.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 7 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 4 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 дена
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава