Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Мал, а толку моќен сојузник на здравјето

Објавено

на

Семето од лен е ценета супер храна, позната по голема хранлива вредност и здравствени придобивки. Ова мало семе е всушност една од најстарите култури, која се одгледува од почетокот на цивилизацијата.

Долго пред семето од лен да стане познато по своите здравствени придобивки, тоа се користело за производство на текстил. Денес тоа е главната намирница во светот на здравата храна поради високата содржина на омега-3 масни киселини и растителни влакна.

Некои ги нарекуваат функционална храна, што значи дека може да го подобрат здравјето. Познато е дека го подобруваат варењето, го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и дијабетес тип 2.

Но, ова не се единствените причини зошто ова семе треба да биде вклучено во исхраната.

10 грама или една лажичка ленено семе содржи приближно 55 калории. Исто така, има седум проценти вода, два грама протеини, три грама јаглехидрати, многу малку шеќер, околу три грама влакна и околу четири грама маснотии.

Овие ситни кафеави семиња ги содржат сите есенцијални аминокиселини освен лизин, како и омега-3 и омега-6 масни киселини и голем број други важни минерали и соединенија како што се тиамин, бакар, магнезиум и фосфор.

Придобивките од лененото семе, во продолжение :

Придонесува за губење на тежината

Оревите и семињата заземаат важно место во планот за исхрана за слабеење. Лененото семе е полно со растителни влакна кои можат да го потиснат гладот, желбите и да ве спречат да се препуштите на нездрави закуски.

Го намалува нивото на холестерол во крвта

Според некои стражувања докажано е дека со конзумирање на ова семе може да се намали и холестеролот. Семето може да се комбинира и со лекови за намалување на холестерол.

Добро е за здравјето на срцето

Поради содржината на омега-3 масни киселини, семето од лен помага во одржување на добро здравје на срцето. Здравите масти во основа ги намалуваат воспалителните состојби во артериите, што може да доведе до разни срцеви проблеми како што се мозочен удар и срцев удар, како и срцева слабост.

Природно го намалува крвниот притисок

Со конзумирање на лененото семе докажано е дека крвниот притисок ќе ви биде под контрола. Ова семе е исто така богато со калиум, хранлива состојка што може да помогне во ослободување на напнатоста во sидовите на крвните садови, што помага за понатамошно намалување на крвниот притисок.

Помага во контролата на дијабетисот

Според некои прелиминарни истражувања, внесувањето на лигнани, соединение кое се наоѓа во семето од лен, може да го подобри нивото на шеќер во крвта.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 8 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 11 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 13 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 14 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 16 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 16 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 17 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 18 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена