Вести
Мали гостиварки ги учат тајните на балетот
За балетот се вели дека е “сонување со врвот од нозете“. Секое девојче барем еднаш посакува да биде балерина, да облече балетанки, балетско фустанче и да стане дел од магичниот, грациозен свет на балетската сцена.
Гостивар си има свои мали балерини. Во Центарот за култура АСНОМ од лани функционира Балетско студио кое го води професорка, професионална балерина ,Зора Поповска од Скопје. Групата се собира секоја сабота и среда, а девојчињата ги учат тајните на најпосакуваниот танц. „Најпрво, многу е важно да се совлада правилното држење на телото. Учиме ритмички движења со рацете и нозете како и други вежби кои се неопходна основа за балетските техники“, вели професорката Поповска.
Часовите по балет се одржуваат во просторија на првиот кат од старата библиотека во Центарот за култура која претходно беше соодветно опремена за таа намена.
Што и колку научиле гостиварските балерини ќе покажат и пред публика на завршна претстава.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар