Вести
Малолетници крадат автомобили за да се повозат
Крадат автомобили, ги возат додека не го потрошат бензинот, па ги оставаат. Оваа појава на гостиварските простори не е нешто ново. Полицијата потврдува дека и годинава во регионот на Гостивар имало неколку такви случаи. Најчесто необичните кражби од ваков тип, ги прават малолетници.Според податоците од Секторот за внатрешни работи во 2016-та година на нашето подрачје биле украдени 16 моторни возила. Седум од нив биле пронајдени и вратени на сопствениците. Останатите случаи биле заокружени со пријави против непознат сторител.
Најголемиот дел од одземените автомобили не биле соодветно обезбедени. Биле оставани незаклучени, а во некои бил оставен и клуч во бравата, што во голема мерка им ја олеснило работата на сторителите.
Споредено со претходните години, бројот на кражби на возила бележи значително намалување.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград