Поврзи се со нас

Гостивар

Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф” во Тресонче од 2 до 6 септември

Објавено

на

    Во чест на македонскиот зограф Дичо Зограф и зачетокот на таканаречената македонска ренесанса во уметноста, во неговото родно Тресонче, од 2 до 6 септември ќе биде отворена четвртата по ред, традиционална Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“.

    Од Здружението на граѓани „Брзовец” – Тресонче информираат дека школата ќе се одржи во црквата „Светите апостоли Петар и Павле” и во Бигорскиот манастир. Настанот е под покровителство на Институтот „Цветан Грозданов” при МАНУ, а ја организира ЗГ „Брзовец”,  Општина Маврово и Ростуше и Свештената бигорска Обител. Ќе бидат опфатени уметноста и архитектурата во мијачкиот регион.

    „Готовиот проект кој ќе се реализира до крајот на 2023 година за реконструкцијата на старото селско училиште и негово претворање во дом на културата е со цел овој настан да добие свое седиште во родното место на најголемиот македонски иконописец и тресонченец – Дичо Зограф“, наведуваат во објавата.

    Малореканската летна школа со своите активности има голем придонес во афирмацијата на Дичо Зограф, но и на македонските зографи од 19 век, а од досегашните активности произлегоа неколку научни трудови во кои се третираат дела на малку познати македонски зографи, со тенденција да се создаде база за посериозни истражувања на македонската уметноста и преродбата во 19 век.

    Од здружението изразуваат голема благодарност до Бигорски Манастир „Св. Јован Крстител”, Општина Маврово и Ростуше, Дебарско-Кичевската Епархија при МПЦ и сите останати организатори и поддржувачи.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 5 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 9 часа

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 10 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Македонијапред 14 часа

    За случајот „Онкологија“ обвинети двајца екс директори и четворица лекари

    Македонијапред 15 часа

    Просечната плата во март 44.763 денари, објави ДЗС

    Гостиварпред 17 часа

    Огнен Аќимоски од Гостивар освои 1 место на државниот натпревар по географија со максимални 100 поени

    Гостиварпред 19 часа

    Економското училиште во Гостивар ги промовираше образовните насоки – По 3.500 денари стипендија месечно за секој ученик

    Светпред 20 часа

    Силен земјотрес во Грција, издадено предупредување за цунами

    Видео емисиипред 1 ден

    ВИДЕО | Дојди во Врбен – Во прегратка на планината, во душата на зеленилото!

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена