Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Маски од круша за нега на кожата и косата

Објавено

на

Крушата е прекрасно овошје за компот, џем и десетици други видови рецепти, но лесно може да се вклучи и во домашната козметика. Маските од круша многу благотворно делуваат на кожата бидејќи ја смируваат, негуваат и ги отстрануваат митесерите („црнки“).

Лесен рецепт за овој природен мелем е мешањето на крушката со маслиново масло и мед. Овие три состојки се комбинираат така што – зрела круша се гмечи, па се меша со по една супена лажица мед и маслиново масло. Добиената маска се нанесува на лицето и почекајте 15 минути. Тоа потоа се мие со топла вода.

Може да се направи и домашен пилинг за подлабинско чистење на кожата. За тоа се потребни половина лажичка овес, две лажици сок од лимон и една пасирана круша.

Добиената маска, нежно се втрива со кружни движења, па се остава да делува неколку минути, а потоа повторно се масира при одмивањето. Крушата и овесот ќе ги отстранат митесерите, а лимонот е за избелување – неговиот сок ќе помогне да се отстранат пигментните дамки и лузните од акни.

Доколку човекот има помрсна кожа, се препорачува маска со белка од јајце и половина круша. Тоа се меша во блендер. Мазната смеса на лицето стои најмалку 15 минути. Слична делотворност има и рецептот со пире од круша, лажица јогурт и неколку капки бадемово масло.

За освежување на косата, пак, се препорачува маска со круша и оцет. Овошјето, секако, се гмечи, се додаваат две лажици јаболков оцет и малку вода. Тоа се меша сè додека не се добие еднолична смеса. Таа се нанесува по цела должина на косата и се остава 20 минути. Може и да се покрие со капа за туширање или ќеса. Потоа косата убаво се мие со шампон. Се препорачува ова да се прави двапати неделно, барем наесен.

Крушата благотворно делува и на виткана коса, ако се помеша со три лажици маслиново масло. Оваа комбинација освен што ја храни косата, ќе помогне и за полесно чешлање.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Сообраќајна несреќа во Гостивар: Повредени пет лица, оштетени пет возила

Македонијапред 3 недели

Нови цени на горивата од полноќ!

Гостиварпред 4 недели

Букви на кирилица и глаголица и македонското знаме на натписот Гостивар во пресрет на 24 Мај

Гостиварпред 4 недели

Осквернавено срцето со македонското знаме и букви на натписот Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Инцидент во угостителски објект во Гостивар

Видео емисиипред 6 дена

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 3 недели

Духот на работните акции живее и денес, Здружението на акцијаши Гостивар верно на мисијата

Гостиварпред 3 недели

Обновен и разубавен натписот Гостивар во градскиот парк

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена