Поврзи се со нас

Вести

Мега-штрајк ја парализираше Германија, работниците бараат поголеми плати поради инфлацијата

Објавено

на

Голем 24-часовен штрајк ги запре авионскиот, железничкиот и патничкиот сообраќај во Германија во понеделникот. Работниците бараат поголеми плати поради растечката инфлација, пишува Дојче Веле (DW).

Аеродромите, автобуските и железничките станици ширум Германија се парализирани во понеделникот, предизвикувајќи проблеми за милиони граѓани на почетокот на работната недела, во еден од најголемите штрајкови во најбогатата европска држава.

Предупредувачкиот 24-часовен штрајк го организираат синдикатите Верди и ЕВГ, и тој е последен во низата протести кои погодија голем број европски држави поради високата инфлација и падот на животниот стандард.

Паралелно со штрајкот започнаа тридневни преговори кои, доколку не донесат резултат, би можеле да продолжат со ново запирање на работата. Работодавачите нудат 5% зголемување на платите за период од 27 месеци и еднократна исплата на 2.500 евра. Синдикатите го отфрлаат предлогот и бараат зголемување на платите за најмалку 10 проценти, откако стапката на инфлација во земјата, само во февруари годинава достигна 9,3 проценти.

Најголем штрајк од 1992 година  

Германија со месеци страда од постојан раст на цените на основните производи. Дополнителен адут на синдикатите е хроничниот недостаток на работна сила. Понеделничкиот штрајк е најголем во земјата од 1992 година.

„На вработените им е преку глава да бидат лажени со топли зборови додека работните услови стануваат сѐ полоши, а огромен број работни места се празни“, изјави првиот човек на Верди, Франк Вернеке.

Проценките се дека околу 380.000 авио патници биле погодени од штрајкот, откако беа запрени летовите и на двата најголеми аеродроми, во Минхен и Франкфурт.

Откажан и е железничкиот сообраќај со кој раководи операторот Дојче Бан.

„Милиони патници кои зависат од автобусите и возовите страдаат поради овој прекумерен, претеран штрајк“, изјави портпарол на Дојче Бан.

Верди преговара од името на 2,5 милиони вработени во јавниот сектор, вклучително и во јавниот транспорт и на аеродромите, додека ЕВГ преговара од името на 230,000 вработени во железницата и автобуските компании.

Верди бара зголемување на платите за 10,5 отсто, или најмалку 500 евра плус месечно, додека ЕВГ бара 12% раст или најмалку 650 евра месечно.

Заглавените патници имаат и симпатии за штрајкот, но и причини за незадоволство.

„Да, оправдан е, но јас никогаш во животот не сум излегол на штрајк, а работев повеќе од 40 години. Во истовреме, во Франција излегуват на штрајк за нешто постојано“, вели патникот Ларс Бем.

Фискални проблеми

Евентуалното зголемување на платите ќе го намали просторот за фискален маневар на владата на канцеларот Олаф Шолц, правејќи ги и онака проблематичните преговори за сојузниот буџет во трипартитната коалиција, уште потешки.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека барањата се еднакви на дополнителен трошок од 1,5 милијарди евра годишно. Доколку истото зголемување се преслика и кај другите јавни службеници, како и за пензионираните, судиите и војската, сумата ќе достигне 4,7 милијарди евра годишно. Министерката Ненси Фејзер рече дека е убедена оти ќе се најде решение за проблемот уште оваа недела.

Во спротивно, синдикатите најавуваат нови протести, дури и за време на велигденските празници.

„Предолго не влечат за нос. Големите профитираат, а малите, поради кои сѐ се движи, не добиваат ништо“, вели штрајкувачот Кристоф Гершнер. „Луѓето земаат втора и трета работа за да преживеат“, додава тој.

Извор: DW.com

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена