Поврзи се со нас

Спорт

Митрополит Тимотеј: Охридска архиепископија не е понижувачко име, во себе содржи десетвековна историја

Објавено

на

Ние се викаме Македонска православна црква, а го користиме древното име Охридска архиепископија и затоа велиме тие не признаа под еклисиолошко, односно црковно име. Ние ќе се викаме МПЦ-ОА. Охридска архиепископија не е понижувачко име со себе имате една историја од десет века, изјави денеска портпаролот на МПЦ-ОА, миторполитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски, Тимотеј.

Светиот архијерејски синод денеска претходно на вонредна седница изрази најсрдечна благодарност до вселенскиот патријарх Вартоломеј за синодалниот акт за канонско и евхаристиско единство на ерархијата на МПЦ-ОА со еклисиолошкото име, со кое се потврдува вековниот црковен континуитет и најави продолжување на разговорите со СПЦ до уредувањето на конечниот статус на македонската црква.

Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА изрази најсрдечна благодарност до вселенскиот патријарх г.г.Вартоломеј за синодалниот акт за признавање на каноничноста на нашата црква. Тоа значи дека од сега сослужувањето со останатите православни цркви, свештенството ќе ги држи како МПЦ, истакна Тимотеј.

По седницата САС во соопштението истакна дека разговорите со СПЦ продолжуваат се додека не се дојде до конечно решение, односно автокефален статус на МПЦ-ОА.

Митрополитот Тимотеј изјави дека МПЦ-ОА всушност никогаш не ги прекратила разговорите со српската црква, но тие не секогаш се објавуваат во јавноста.

-Затоа велиме продолжувааат и во соопштението го потенцираме тоа дека разговорите со СПЦ продолжуваат се додека не најдеме конечно решение за тој автокефален статус. Засега останува во рамки на тесен круг на дипломатски преговори помеѓу двете цркви, вели Тимотеј.

Тој се осврна и на односите меѓу Руската православна црква и Вселенската патријаршија. Откако вчера Вселенската патријаршија ја призна за канонска и ја отстрани повеќедецинската шизма наложена врз Охридската Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ, РПЦ излезе со став дека ги признава само канонските права на СПЦ во Северна Македонија.

-Руската православна црква ги признава исклучителните канонски права на СПЦ во Северна Македонија. Ставот на РПЦ, пред се ќе го земе предвид пристапот на тој проблем на Српската црква, на која и натаму и ги признаваме исклучителните канонски права во Северна Македонија, изјави секретарот на Одделението за надворешни црковни врски на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук.

Владиката Тимотеј денеска рече дека Цариградската патријаршија и Московската патријаршија го имаат прекратено евхаристиското единство.

-Не сослужуваат односно цариградскиот се уште го спомнува рускиот патријарх, меѓутоа руската црква го прекина единството со сите оние што ја признаа православната црква на Украина, рече Тимотеј.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Македонијапред 21 минута

Вработените во МВР денес ќе добијат К-15

Занимливостипред 51 минута

Кога биле откриени витамините и како ги добиле називите Ц, Д, Б…

Гостиварпред 2 часа

Работната недела почнува со стабилно време, ќе заврши со дожд и снег

Гостиварпред 14 часа

„Ме удри со возило, ми ја прегази ногата и ме нападна“, пријавил гостиварец во полиција

Гостиварпред 18 часа

Гостивар: Користете зимска опрема, полицијата ги советуваше возачите

Спортпред 20 часа

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Занимливостипред 23 часа

Со 103 отчукувања во минута, слушањето на новата песна на Тејлор Свифт може да помогне за спасување живот

Македонијапред 1 ден

Партиски реакции по најавата Џафери да биде премиер на техничката Влада

Рецептипред 1 ден

Брз и многу едноставен десерт – парчиња јаболка завиткани во лиснато тесто

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар ќе се одбележат 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои на Македонија, Чеде Филиповски – Даме

Гостиварпред 3 недели

Потресувачки случај на самоповреда и напад во семејство во гостиварско, четири лица пренесени во болница

Гостиварпред 2 недели

Филмско разбојништво во атар на Чегране, украдени над 500 кг. марихуана од фабрика за канабис

Гостиварпред 2 недели

Гостиварката Тамара со број 6, почна гласањето за Јуниор Евросонг

Гостиварпред 4 недели

Во еден по полноќ во Гостивар приведена девојка оти нарушила ред и мир

Гостиварпред 2 недели

Лишен од слобода 51-годишен гостиварец поради физички напад врз неговата вонбрачна партнерка

Гостиварпред 4 недели

Тамара Грујеска во пресрет на Јуниорски Евросонг: Со нетрпение го чекам настапот во Ница, ќе дадам максимум од себе

Гостиварпред 2 недели

Семејна драма во гостиварско: Родителите се расправале, па синот го повредил таткото со нож

Гостиварпред 3 недели

Заврши доказната постапка за „Ласкарци“

Спортпред 2 дена

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 3 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 4 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 4 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 4 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 5 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 6 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Огласи за вработување:

Advertisement
.

Популарно изминативе 100 дена