Поврзи се со нас

Вести

МВР со апел до учесниците во сообраќајот за поголема внимателност во летниот период

Објавено

на

Зачестените сообраќајни несреќи кои деновиве се случуваат на тетовско-гостиварското подрачје, во значителна мерка ги засилија сообраќајно-контролните активности на Секторот за внатрешни работи Тетово, но и потребата сите учесници во сообраќајот да бидат максимално внимателни.

Ова, посебно се однесува на возачите на кои им се советува целосно да ги почитуваат правилата и прописите и пред се да ја прилагодат брзината според условите на патот. Зашто, честите врнежи од дожд придонесуваат коловозите повремено да бидат влажни, лизгави и сообраќајно ризични.

До возачите се апелира, исто така, да не тргнуваат на пат изморени, посебно во доцните вечерни часови, кога можат да заспијат и да ја изгубат контролата над возилата, навреме да ја проверат техничката исправност на уредите за сопирање и светлосните уреди и задолжително да ги користат сигурносните појаси.

Со оглед на осетно зголемениот број возила на подрачјето, им се препорачува да ги избегнуваат сообраќајните „шпицеви“ од 12 до 17 часот, кога се и најфрекфрентни тетовските и гостиварските улици, да не ги оставаат возилата каде ќе стигнат, туку само на местата определени за таа цел и намена и да бидат  сконцентрирани и трпеливи.

Докрај внимателни треба да бидат и пешаците и секогаш да ги користат пешачките премини, меѓутоа и непотребно да не се задржуваат на коловоз и на тој начин да ја доведуваат во прашање нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена