Поврзи се со нас

Вести

НАЈЧИТАНИ ВО 2020: Гостиварката Тамара првенец на генерација со 9,85 просек

Објавено

на

На опашката сме од оваа 2020-та година и редно е да се потсетиме на најинтересните и најчитаните текстови на Gostivarpress.mk од 1 јануари, па се до денеска (без хроника и ковид). Порталот Gostivarpress.mk во оваа 2020 објави околу 4.200 вести, од кои 95% се авторски на редакцијата и имаше повеќе од 8.151.000 посети.

Денес утре и задутре, целосно ќе ги реобјавиме 15-те најчитаните прилози, да се потсетиме што беше тоа што најмногу го привлече вашето внимание…


Објавенo на: Ное 10, 2020 @ 16:28

Младата гостиварка Тамара Иваноска е првенец на генерација на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Трудот, љубовта кон избраната професија и максималната вложеност резултираат со голем успех. Тамара годинава е добитник на стипендија од Фондацијата „Трајче Мукаетов“ која се оделува тринаесетта година по ред.

Согласно објавениот јавен конкурс, изборот на стипендистите за учебната 2020/2021 година е усвоен од страна на Управниот одбор на Фондацијата, по предложената прелиминарна листа од Kомисиите за распределба на стипендии во чиј состав членуваа претставници од Фондацијата, од двата факултети (фармација и медицина), како и претставници од редовите на студентите.

Годинава, доделени се 39 нови стипендии, од кои 19 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.

Еднократната парична награда во висина од 1.200 евра во денарска противвредност, која Фондацијата ја доделува единаесет години по ред за првенците на генерациите на двата факултети, годинава им припадна на Тамара Иваноска од Фармацевтскиот факултет (со просек 9,85 – стипендист на Фондацијата „Трајче Мукаетов“) и Ева Палчевска од Медицинскиот Факултет (со просек 9,91).

„Навистина ми е драго што фондацијата ‘Трајче Мукаетов’ и компанијата ‘Алкалоид’ и во вакви специфични услови на функционирање на образовниот процес продолжија со поддршката на талентирани студенти по фармација и медицина. Иако годинава доделувањето на стипендиите се случува во време на пандемија, ние како компанија, одлучни сме да го продолжиме стимулирањето и наградувањето на студентите. Лично се надевам дека бенефициите од Фондацијата за идните фармацевти и доктори по медицина ќе бидат мотив повеќе за испорачување на уште подобри резултати и уште повисоки идни дострели во областа на македонското здравство и фармација“ – изјави  Живко Мукаетов, претседател на фондацијата „Трајче Мукаетов“ и генерален директор на компанијата „Алкалоид АД Скопје“.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Занимливостипред 12 часа

Расположението се менува и под влијание на боите

Гостиварпред 15 часа

Матевска: Ние сме единствена земја во светот каде пензионерите протестираат, не се издржува!

Македонијапред 16 часа

Од 1.500 до 3.000 денари месечно државна помош за пензионерите со ниски пензии

Македонијапред 17 часа

Антикризни мерки: За ученици по 20/30 евра месечно, за студенти ваучер за превоз…

Македонијапред 18 часа

МВР трага по 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, објавени фотографија и опис

Македонијапред 20 часа

ДЛ: Во четврток ќе се празнува среќата, ќе се слави музиката од 1990-те и 2000- те, ќе се потсетуваме на едно убаво време!

Македонијапред 21 час

Повлечена пакувана вода ризична за луѓето

Гостиварпред 22 часа

Нова песна на гостиварското дуо “D’Reamers”

Регионпред 23 часа

Владата на Словенија ќе ги врати парите на граѓаните од казни за прекршување на мерките против Ковид

Животпред 4 недели

Дворот на Василески во Гостивар е рај за очи и душа! Уникатно катче кое дише со љубов и внимание

Што, како, каде?!пред 4 недели

Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила

Гостиварпред 2 недели

Во Гостивар ќе се одбележат 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои на Македонија, Чеде Филиповски – Даме

Гостиварпред 4 недели

Пензионерите во Гостивар учеа како самостојно и безбедно да користат интернет

Гостиварпред 4 недели

Здружението „Д-р Трајче Нешковски“ и Општина Гостивар заедно за поддршка на децата со попреченост

Гостиварпред 4 недели

Протест на пензионери во Гостивар: Не може да се опстане со 10-12 илјади денари пензија!

Гостиварпред 4 недели

Семејството е во криза, се‘ повеќе разводи во Гостивар, бракови се растураат како кула од карти

Гостиварпред 4 недели

ОВР Гостивар лиши од слобода 3 лица под сомнение за дивоградба

Гостиварпред 6 дена

Потресувачки случај на самоповреда и напад во семејство во гостиварско, четири лица пренесени во болница

Гостиварпред 3 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 4 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 4 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 4 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 4 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 5 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 5 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Advertisement
.

Популарно изминативе 100 дена