Поврзи се со нас

Занимливости

Најопасните инсекти на светот, што не сакате да ги сретнете

Објавено

на

Во светот има помеѓу 1,4 и 1,8 милиони видови инсекти. Повеќето од нив се потполно безопасни за луѓето, но има и такви кои можат да не убијат со еден гриз, оние чие гризнување е подеднакво како куршум во телото и оние кои можат да ве заразат со најлоши болести. Едноставно – овие „бубачки“ треба да ги избегнуваме по секоја цена.

Ова се само некои од инсектите што не сакате да ги сретнете.

Јапонски гигантски стршлен (Vespa mandarinia japonica)

Овој огромен стршлен може да порасне до 5 см (распон на крилјата околу 76 мм), а познати се случаи каде само еден ваков стршлен може да уништи цела кошница со пчели. Што се однесува до луѓето, убодот може да биде фатален, не само поради алергиски реакции, туку и поради многу токсини што ги носи во себе. Секоја година, овој џиновски стршлен убива околу 40 лица.

Постојат четири интересни работи во врска со убодот на јапонскиот гигантски стршлен: (1) Неговиот убод има поголема концентрација на хемикалија наречена Ацетилхолин и предизвикува голема болка. (2) Отровот е толку силен што може да го стопи човечкото ткиво. (3) Содржи најмалку осум различни хемикалии. (4) Како и секој друг стршлен, може да ве избоде неколку пати.

Мравки сафари (Dorylus)

Само една колонија, која брои неверојатни 20 милиони од овие мравки, може да уништи едно цело село.

Кога ќе останат без храна, колонијата маршира како целина, уништувајќи сè што им стои на патот. Иако лесно може да се избегнат, млади и постари луѓе честопати се нивни жртви. Секоја година, мравките „Сафари“ убиваат 20-50 луѓе и прават штета од илјадници долари.

Це-Це мува (Glossina morsitans)

Це-Це мувата е позната по пренесување на многу опасни болести. Се размножува во Калахари и во пустината Сахара, тие се исто толку здодевни како и секоја друга мува, покрај тоа – пијат крв. Постојат 34 различни видови на Це-Це муви, и тие се групирани во три категории: савана муви, шумски муви и речни муви.

Повеќето смртни случаи во Африка предизвикани од оваа мува, се јавуваат поради болест позната како „болест на спиење“. Секоја година, од 250.000 до 300.000 луѓе умираат од овие муви (бројот полека се намалува). „Болеста на спиењето“ предизвикана од оваа мува, доколку не се лекува навреме, може да биде смртоносна. Болеста прво ја напаѓа функцијата на срцето, а потоа се шири на нервниот систем (што предизвикува нарушувања на спиењето) – и на крајот смртта.

Мравката куршум (Paraponera clavata)

куршум-мравка

Можеби еден куп ситни мравки не ве плашат. А, дали ќе ве исплаши еден куп мравки што доаѓаат кон вас и врескаат? Да, врескаат! Куршум мравките потекнуваат од дождовните шуми во Никарагва и Парагвај, долги се околу 2,5 см и претежно живеат во колонии на дрвја. Кога напаѓаат, тие најчесто скокаат од дрвјата на целта – а во исто време испуштаат крик.

Иако не се најсмртоносен инсект, мравката куршум заслужи да се најде на оваа листа на „симпатични инсекти“, поради неговиот убод – за кој се тврди дека е најболен во светот. Нивниот убод предизвикува страшна болка што не запира 24 часа (затоа локалното население ги нарекува „мравка 24 часа“). Болката е толку силна, што избодените се чувствуваат како да биле застрелани од куршум. Некои јужноамерикански општества ги користат овие мравки за да ја тестираат мажественоста на млади момчиња кои треба да издржат 20 убоди без ниту една солза, за да се сметаат за машки.

Триатомин (Kissing bug)

Триатомин

Овие бубачки не се смртоносни поради отровот – тие се опасни затоа што ги инфицираат луѓето со болеста Чага. Овие инсекти не умираат по каснувањето, така што еден инсект може да зарази голем број луѓе. Тие се кријат во куќи и ги напаѓаат луѓето додека спијат. Воглавно го гризнуваат мекото ткиво на усните и очите. Болеста Чага не се пренесува со гризнување, туку преку изметот што влегува во човечкото тело низ раните што ги создаваат.

Од 2008 година, 16-18 милиони луѓе се заразени со оваа болест, од кои 20.000 луѓе умираат годишно. Чага предизвикува сериозно оштетување на срцето, а трансплантацијата на срце е целосно неефикасна бидејќи паразитот веднаш го напаѓа и новото срце.

Африканизирана пчела / убиец

Африканизирана-пчела

Светот е полн со опасни работи што можат да нè убијат, но што се однесува до овој вид убиствени пчели – можеме само да се обвинуваме себеси! Африканизираната пчела е создадена во 1957 година, како дел од проектот за парење на европска пчела и африканска медоносна пчела. Се разбира, како и многу други „генијални“ идеи за играње со природата, и оваа тргна наопаку. Повеќето пчели побегнале во Бразил, а потоа роевите се упатиле кон Централна Америка, дури стигнале до југозападниот дел на САД.

Ако африканизирана пчела ве избоде, тоа не само што ќе го остави отровот во вас, туку ќе остави и миризлив феромон кој ве обележува како мета и им дава на другите пчели да ве нападнат. Човечкото тело може да издржи околу 14 убоди од пчела за секој килограм од телесната тежина пред сериозно да се загрози животот. Познато е дека рој од овие пчели може да изботат околу 500 пати за 30 секунди. Пресметајте сами колку долго би останале живи… Досега се знае дека над 1000 смртни случаи биле предизвикани од овие смртоносни пчели.

Постојат многу други видови на инсекти (комарци, болви, стоногалки) кои се одговорни за ужасни болести, смртни случаи и страшна болка, за нив во некоја друга прилика.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 7 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 11 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 13 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 14 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 16 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 16 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 17 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 18 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена