Поврзи се со нас

Занимливости

Најпосакуваните предмети во светот…

Објавено

на

Сте се запрашале ли некогаш колкава е вистинската вредност на одреден предмет? Или дали тој предмет навистина вреди толку многу или не? Веројатно одговорот е да и веројатно знаете колку вреди самиот предмет. Но сепак постојат предмети кои ги рушат сите граници на нивната вредност. Нивната приказна, реткост и уникатност ги прават многу посакувани, но и тешко достапни, а со самото тоа, во споредба со на нив сличните и многу, многу повредни. Еве неколку најпосакувани и најбарани предмети во светот.

1. Вазната од династијата Јуан, од периодот 1270 – 1368 година кога во Кина е доведена до совршенство техниката на изработка на сино-белиот порцелан. Единствената таква вазна во светот во 1993-та година е продадена за 1.2 милиони долари.

2. Поштенската марка, прочуената жолта поштенска марка Tre skilling banco, која во 1996-та година достигна цена од 2.3 милиони долари.

3. Гутенберговата библија, првата печатена библија за која се смета дека во светот постојат само уште 48 примероци. Така што во 2007-ма година еден примерок на Гутенберговата библија е поделен и продаден во делови по цена од 20.000 до 100.000 долари.

The Gutenberg Bible - Library of Congress Bible Collection ...

4. Автограмот на Вилијам Шекспир, најскапиот автограм. До денес сочувани се само шест оригинални примероци на неговиот потпис на разни документи. Кога би бил на продажба цената би му била 3 милиони долари.

5. Последниот албум на Џон Ленон, Double Fantasy. Последниот примерок на овој албум потпишан од Џон Ленон пред неговата смрт му припаѓал баш на неговиот убиец Марк Чепмен. Овој албум со посвета од Џон Ленон, во 2003-та година, е продаден за 525.000 долари.

6. Најпосакуваното шише вино во светот, Chateau Lafite од 1787-ма година, за кое се тврди дека му припаѓало на третиот американски претседател Томас Џеферсон. Денес вреди 160.000 долари.

7. Сликичка од безјбол играч. Сите деца уживаат во собирањето сликички од спортските ѕвезди, а во САД вакви стари сликички од бејзбол играчи вrедат вистинско богатство.Па така сликичката на Хонус Вагнер која носи ознака Т 206 од 1906-та година е продадена за 1.26 милиони долари, додека денес вреди три пати повеќе.

Baseball Card Spotlight: T206 Honus Wagner | Collectibles ...

8. Старите стрипови, се вистинско задоволство за колекционерите, а истите се спремни да дадат многу пари за посебни примероци. Така што, единствениот примерок од првото издание на легендарниот суперхерој Спајдермен, кој во 1963-та година чинел 12 центи, денес вреди повеќе од 60.000 долари.

9. Оригинални фармерки. Еден љубител на фармерки платил 60.000 долари за фармерки стари 115 години. Но, тоа не биле обични фармерки, туку оригиналниот модел на Levi`s 501.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 10 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 14 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 16 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 17 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 18 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 19 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 20 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 21 час

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена