Спорт
Саудиските милијардери непријатно ги изненадија навивачите на Њукасл со новиот дрес

Со самото преземање на клубот од Ст. Џејмс Парк, од страна на саудиските милијардери Њукасл скокна од 19. на 14. место во англиската Премиер лига и се спаси од испаѓање во втората лига на англискиот фудбал.
Со пет зимски засилувања, тие го запреа големиот пад на тимот кој започна под водство на омразениот, поранешен сопственик Мајк Ешели кој седеше на чело на клубот 14 години.
Со доаѓањето на инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија, оптимизмот преовладуваше во и околу клубот. Новите сопственици беа пречекани со ентузијазам, но се чини дека тоа кратко траеше.
„Црно-белите“ беа непријатно изненадени од веста за изгледот на новиот гостински дрес за следната сезона. Кој ќе биде во бела и зелена боја. Односно во боите на знамето на Саудиска Арабија, пишува англискиот Дејли Меил .
Newcastle United set to turn out in green & white of Saudi Arabia next season. New away kit bears striking resemblance to Saudi national-team jersey & will likely attract criticism. For club, shirt sales in Saudi certain to increase revenue #nufchttps://t.co/1blBRlfkts
— Craig Hope (@CraigHope_DM) May 12, 2022
Секако, со овој потег сопствениците на Њукасл сакаат уште повеќе да се пробијат на арапскиот пазар и да заработат што повеќе од продажбата на дресови, но тоа предизвика голема загриженост кај навивачите на англискиот клуб кои се прашуваат дали ова е само почеток на големи промени…
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022