Поврзи се со нас

Македонија

Започнаа Спортските синдикални игри на полицискиот синдикат

Објавено

на

Во Охрид денеска започнаа 21-те по ред Синдикални спортски игри, во организација на Македонскиот полициски синдикат. Синдикалните игри се меѓународен спортски синдикален хепенинг, на кој претставници од 15 полициски синдикати од земји од регионов и од Европа, во седум спортски дисциплини, ќе ги прикажат своите спортски, физички вештини и знаења.

Настанот го отвори министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во присуство на претседателот на Македонскиот полициски синдикат, д-р Марјан Кицев, претседателот на Советот на Европски полициски синдикати, д-р Рикардо Валадас, државната секретарка во МВР, м-р Магдалена Несторовска, директори на агенции и институции, професори и вработени во МВР.

Изразувајќи го задоволството за поканата да ја прогласи за отворена оваа веќе етаблирана традиционална спортска манифестација, министерот Спасовски рече дека традицијата на негување на спортскиот натпреварувачки дух, како и запознавањето и другарувањето се значајни вредности за негувањеи надградување, особено кога станува збор за професија како полициската, која се одликува со висок степен на одговорност, посветеност и професионализам во секојдневната работа, но и со потреба од постојана соработка, размена на податоци и искуства со колегите од регионот и од Европа.

Македонскиот полициски синдикат, додаде Спасовски, може да се пофали со исклучително богато професионално портфолио во доменот на синдикалното работење и заштитата и подобрувањето на социјалниот статус на вработените во МВР.

-Затоа денес МПС со право претставува достоен и респектиран партнер на раководството на Министерството, во креирањето на економско-социјалната, но и на професионалната атмосфера во него, рече министерот и изрази уверување дека и во наредниот период раководството на МПС ќе продолжи по веќе етаблираниот курс на кредибилен заштитник и поборник за синдикални и социјална права на сите вработени, продолжувајќи заедно со раководството на МВР со праксата на динамично подобрување на економскиот и професионален статус на сите вработени.

Претседателот на МПС, Марјан Кицев ги поздрави присутните и им посака добредојде и убав престој во нашиот бисер Охрид. Воедно, тој на учесниците им посака многу успеси во сите дисциплини, и да победи најдобриот. Тој нагласи дека соработката и дружбата меѓу полициските службеници е од големо значење за МПС и МВР, за унапредувањето на безбедносниот систем на државата и со несмален интензитет истите ќе продолжат преку заеднички проекти.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 10 часа

Внимавајте кога подгревате одредена храна, можни се опасности

Македонијапред 12 часа

Итна набавка на лекот „фезго“, јавно побара пациентка со канцер

Гостиварпред 13 часа

Гостиварецот Златко Панзов добитник на наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод

Гостиварпред 14 часа

Хуманитарното здружение „Др. Трајче Нешковски“ Гостивар ќе ги субвенционира еднодневните екскурзии на ученици во социјален ризик

Гостиварпред 15 часа

41 годишник нападнат од куче скитник на улица во Гостивар

Македонијапред 16 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Вестипред 16 часа

Англија забрани пластичен прибор за јадење и чинии за еднократна употреба

Гостиварпред 18 часа

Трагична несреќа на патарина во Гостивар, загина 18 годишно момче

Гостиварпред 18 часа

Детска недела во градинките во Гостивар со работилници, музика, игри, посети

Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена