Деца Родители
Научниците велат: Бабите и дедовците ќе живеат подолго ако се грижат за внуците!

Не чувствувајте вина повеќе ако ги оставате вашите деца на грижа на вашите родители од време на време. Истражувањата велат дека им правите услуга: ќе бидат поздрави и ќе живеат подолго.
Бабите и дедовците можат буквално да ви го спасат животот. Тие можат да помогнат во воспитувањето, да дадат мудри совети, да ги изнесат децата од градинка малку порано, да ги чуваат кога сакате да здивнете.
Сега, исто така, можете да ја отстраните и грижата дали им додевате со давање на такви обврски бидејќи новото истражување покажа дека бабите и дедовците кои поминуваат повеќе време со своите внуци живеат во просек од пет до седум години подолго.
Според истражувањето објавено во списанието Evolution and Human Behavior, бабите и дедовците кои се грижеле за децата или се грижеле за нив на некој начин имале помал ризик да развијат сериозни болести во период од 20 години во споредба со нивните врсници кои тоа не го правеле.
Во претходната студија, Берлинската студија за стареење, истражувачите ги следеле здравствените досиеја на повеќе од 500 луѓе на возраст од 70 години и повеќе, каде заклучиле дека бабите и дедовците кои се грижат за своите внуци имаат 37 проценти помала стапка на ризик од смртност отколку нивните врсници кои не се грижеле за внучињата.
Која е тајната?
Како што стареете, сакате да останете во добра физичка и ментална форма. Сакате да продолжите да бидете социјално вклучени и ќе го добиете сето тоа ако се грижите за децата. Но, се разбира, не претерувајте бидејќи постојаната грижа за децата е одреден тип на стрес, затоа проценете кога тоа не е товар за вашите родители, туку задоволство. Сепак, рамнотежата е важна во се.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж