Вести
Низ селата нема редовно хлорирање, водата често се загадува
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2017/03/voda.jpg)
Водоводните системи низ селата во поширокиот гостиварски регион, нередовно се дезинфицираат, што доведува до загаденост на водата, алармираат службите во гостиварскиот Центар за јавно здравје, кадешто се вршат анализи за безбедноста на водата за пиење. Во селата каде не се спроведува хлорирање доволно, доаѓа до микробиолошка неисправност на водата. Во градскиот водовод, пак поголем проблем е матноста, која лани била евидентирана во 15 до 20% од земените мостри за испитување.
„Од направените анализи на водата во градскиот водовод, може да се каже дека поголем проблем има со заматувањето. Лани тоа беше евидентирано во 15 до 20% од земените мостри за испитување. Во руралните средини, пак поголемиот дел од водоводите не се хлорираат, што доведува до микробиолошка неисправност“ изјави д-р Берун Мустафа, специјалист по хигиена.
Микробиолошки загадената вода носи ризици по здравјето на луѓето, велат лекарите. Може да предизвика разни црвени заболувања и други здравствени тегоби.
По ставањето во функција на филтер станицата за градскиот водоводен систем на Гостивар, се подобри состојбата со матноста на водата. Минатогодишните случаи се должат на изведување дополнителни работи за изградба на базен, близу објектот кој сега веќе е завршен.
Анализите на гостиварските служби на Центарот за јавно здравје покажуваат дека загаденост на водата почесто има низ селата во врапчишкиот регион.
Во текот на ланската година, биле извршени анализи на околу 300 примероци на вода.
-
Гостиварпред 3 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин