Поврзи се со нас

Гостивар

Низа настани во чест на 1.000 години Бигорски манастир – научна конференција, промоција на книга…

Објавено

на

Древното македонско светилиште Бигорскиот манастир, годинава одбележува голем значаен јубилеј – 1.000 години од основањето. Во таа чест се организираат и одржуваат низа активности.

Деновиве заврши првата долнореканска научна конференција, насловена: По патеките на Дичо Зограф на која учествуваа десетина звучни имиња од македонската научна јавност: проф. д-р Сашо Цветковски, проф. д-р Елизабета Касапова, проф. д-р Васил Ѓорѓиев, проф. д-р Александар Василески и други.

На завршниот настан старецот и владика Партениј, им се заблагодари на научните работници што со своите дела дадода значаен придонес во одбележувањето на илјадагодишнината на Бигорски. Тој, исто така, посочи колку важно е надлежните институции и поединци да го помагаат културно-историското наследство, но и да имаат правилен однос кон живите споменици, кон монашките братства, кои не само што свето го пазат наследството од предците, туку и го надополнуваат и творат ново.

Денес, (6 септември) во Бигорски ќе биде промовирана книгата Вековит Светилник, на професор д-р Вера Стојчевска Антиќ.

Станува збор за дело пишувано во и за Бигорскиот Манастир и за секојдневниот живот во него. „Всушност, пред десетина години професорката Антиќ доаѓаше во неколку наврати во Бигорски и престојуваше по повеќе дена, така што имаше можност одблиску да се запознае со животот на тогашните браќа и поклоници. Своите впечатоци таа ги запиша на повеќе страници, од коишто и произлезе оваа книга.“, информираа од манастирот.

Светото предание вели дека монахот по име Јован, кој потекнувал од дебарскиот крај, бил исполнет со секаква добродетел, разумен и мудар, се грижел за чистотата и смирението на срцето. Особено голема љубов негувал кон свети Јован Крстител. Еднаш, во шумата, кај изворот што бил во близина на неговата испосница, Јован здогледал силна и чудесна светлина меѓу дрвјата, а кога се приближил, видел како над источникот, oзарена со необичен блесок, лебди икона со ликот на чесниот Претеча. Јован ја зел иконата и се погрижил да ѝ изгради привремен соодветен дом, мал параклис. Во 1018 година Јован бил назначен за Архиепископ на Охридската Архиепископија, но никако не го заборавил своето тивко и возљубено место на покајание. Исполнет со голема љубов и благодарност кон Претечата, во 1020 година подигнал храм во негова чест, каде што ја положил светата и чудотворна икона. Набрзо околу храмот се собрало големо монашко братство. Така, Јован Дебарски станува првиот ктитор на Светата Бигорска Обител.

 

фото:Бигорски манастир

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена