Македонија
Од јули граѓаните ќе можат да си вратат пари од ДДВ

Проектот за поврат на платен ДДВ ќе започне да се реализира од 1 јули годинава, најави премиерот Зоран Заев. Тој не прецизираше детали и не даде објаснувања на кој начин граѓаните ќе може да добиваат назад дел од парите од данокот, а рече дека право на поврат ќе има секој граѓанин над 15 годишна возраст, кој има лична карта и е регистриран во електронскиот систем на даноци.
„Ќе игра телефонот, буквално за секој граѓанин, лесно, кадешто секој над 15 години, кој има лична карта, трансакциска сметка, е регистриран во е-даноци, ќе биде учесник. Дури и детенце помало од 15 години, со тоа што самата регистрација ќе мора да ја направи негов родител или брат, сестра што се над 15 години“, рече Заев.
Според најавите за проектот „Повеќе пари кај граѓаните“ во предизборната кампања на СДСМ, при поврат на 15% од ДДВ кој е исплатен при секоја фискална сметка, кај граѓаните на годишно ниво ќе завршуваат од 25.000 до 30.000 денари .
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024