Вести
Одбележан “Денот на Македонската национална борба” во Гостивар

Во организација на Општинскиот Одбор Сојуз на Борци, денес во Гостивар беше одбележан денот на Македонската национална борба. Пред присутните кои се собраа во градскиот парк се обрати претседателот на ОО Сојуз на Борци – Гостивар Ратко Ѓиноски. Кој ги подсети присутните на Внатрешната македонска револуционерна организација, формирањето и нејзиното значење до ден денес. Одбележувањето на празникот беше заокружено со полагање цвеќе на споменикот на паднатите борци во Гостивар.
Празникот се празнува по повод формирањето на македонската револуционерна организација во Солун на 23 октомври 1893 година. Затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност, што резултирал денеска да имаме сопствена, независна држава. По тој повод утрешниот ден е прогласен за неработен.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава