Поврзи се со нас

Вести

Отпор кон МРП и ХПВ вакцините во Гостивар – лекарите повикуваат на редовна вакцинација

Објавено

на

Антивакциналните кампањи го намалија процентот на вакцинирани деца во гостиварско. Изминатите години, значителен дел од родителите носат одлука да ги избегнат задолжителните вакцини од календарот за имунизација. Лекарите потврдуваат дека се јавува отпор кон вакцинацијата и потенцираат дека тоа доаѓа под влијание на кампањите кои се особено актуелни по социјалните мрежи. Предупредуваат дека таквиот тренд носи висок ризик за појава на епидемии на заразни болести кај децата. Точните податоците се уште се обработуваат, но од епидемиолошкото одделение во Гостивар велат дека најголем отпор има кон вакцините против МРП (морбили, рубеола,заушки) и ХПВ (хуманопапилома вирус).

По повод  Европската недела на имунизација, медицинските лица испраќаат  апел до родителите редовно да ги вакцинираат децата.

„Вакцините се сигурни, безбедни и ефикасни и обезбедуваат заштита на детето против болеста за која се вакцинира. Спречуваат заболување, инвалидност, па во некои случаи и смртност. Со оглед на антивакциналните кампањи, родителите се дезинформирани и наша цел е да го подигнеме нивото на информираност за бенефитот од редовна вакцинација, и од друга страна за ризикот во кој го ставаат детето и околината, доколку ги избегнуваат задолжителните вакцини.“, вели епидемиологот Примариус д-р Војислав Огњаноски.

Лекарите како пример ја посочуваат епидемијата на морбили (мали сипаници) во Романија со 12 илјади заболени и 45 мртви. „Благодарение на вакцините, одредени заразни болести се ставени под контрола, а има и такви кои во Република Македонија се целосно искоренети и тоа болести од кои во минатото заболувале голем број на деца, со сериозни последици.“, наведуваат медицинските лица.

Во целата земја опфатот на имунизација со МРП вакцината бележи опаѓање. Кај родителите се јави страв од оваа вакцина поради информациите што се пласираат дека таа е главен виновник за појава на аутизмот.

Европската недела на имунизација во Гостивар се одбележува со повеќе активности: едукација на родители, делење флаери со информации за вакцините, вакцинирање на терен и слично.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 4 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 3 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 4 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 3 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Вестипред 4 недели

Ефикасна смеса за чистење ‘рѓа од две состојки кои ги имаме дома

Гостиварпред 2 недели

Дорис Димовска, млада музичка надеж од Гостивар подготвена да ја освојува сцената

Гостиварпред 4 недели

Возило излетало од патот Маврово-Дебар, тешко повредена 47 годишна жена

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 6 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена